Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTM 12 JL Professional Originalbetriebsanleitung Seite 337

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTM 12 JL Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Електричниот алат се испорачува со ознака за
u
предупредување за ласерот (види табела „Ознаки и
нивно значење").
Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
u
електричниот алат.
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон
лица или животни и немојте и Вие самите
да гледате во директниот или
рефлектирачкиот ласерски зрак. Така
може да ги заслепите лицата, да
предизвикате несреќи или да ги оштетите
очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
u
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Не правете промени на ласерскиот уред.
u
Не ги оставајте децата да го користат електричниот
u
алат без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат
себеси или други лица
Доколку текстот на ознаката за предупредување за
u
ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на Вашиот јазик пред првата
употреба.
Безбедносни напомени за употреба како пила за
скратување и сечење под агол
Проверете дали заштитната хауба може правилно
u
да функционира и дали може слободно да се
движи. Никогаш не ја блокирајте заштитната хауба во
отворена состојба.
Никогаш не ги отстранувајте остатоците од
u
сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за
сечење, додека е вклучен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
Сечилото за пила водете кон делот што се
u
обработува само при вклучена пила. Инаку постои
опасност од повратен удар, доколку сечилото за пила
се заглави во делот што се обработува.
Секогаш зацврстувајте го добро делот што се
u
обработува. Не обработувајте парчиња, кои се
премали за добро да се зацврстат. Така,
растојанието од Вашата дланка до ротирачката брусна
плоча за сечење би било премало.
Никогаш не користете го електричниот алат без
u
плоча за вметнување. Променете ја дефектната
плоча за вметнување. Без соодветен дел за
вметнување може да се повредите на сечилото за
пила.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Bosch Power Tools
Безбедносни напомени за употреба како циркуларна
маса
Проверете дали заштитната хауба може правилно
u
да функционира и дали може слободно да се
движи. Мора да биде на масата пред сечењето и на
делот што се обработува за време на сечењето; не
смее да биде затегната во отворена положба.
Никогаш не посегајте зад листот за пила, за да го
u
држите делот што се обработува, за да ги
отстраните дрвените струготини или од други
причини. Притоа, растојанието од вашата дланка до
ротирачкиот лист на пила е премало.
Вметнете го делот што се обработува само кога се
u
врти листот на пилата. Инаку постои опасност од
повратен удар, доколку листот на пилата се заглави во
делот што се обработува.
Секогаш сечете само еден дел. Доколку деловите
u
што се обработуваат ги поставите еден врз друг или
еден до друг, може да се блокира листот на пилата или
за време на сечењето да се поместат еден од друг.
Секогаш користете паралелен или аголен
u
граничник. Ова ја подобрува прецизноста при сечење
и ја намалува можноста да се заглави листот на пилата.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската
интерпретација на ознаките Ви помага подобро и
побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење
Ласерски зрак
IEC 60825-1:2014<1mW, 650nm
LASER RADIATION
DO NOT STARE INTO BEAM
Не гледајте во зракот
CLASS 2 CONSUMER LASER
PRODUCT EN 50689:2021
Потрошувачки ласерски уред од
класа 2
EN 50689:2021
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот алат. Доколку дојдете
во контакт со сечилото за пила постои
опасност од повреда.
Носете маска за заштита од прав.
Носете заштитни очила.
Македонски | 337
1 609 92A 7SS | (06.03.2023)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis