Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Чистење На Филтерот За Воздух; Свеќичка; Одржување На Уредот Со Сечивото - Stiga BC 25 H Gebrauchsanweisung

Motorbetriebener freischneider
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für BC 25 H:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 115
8.2 ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ
ЗА ВОЗДУХ
ВАЖНО Чистењето на филтерот за
воздух е битно за добра работа и векот на
самата машина. Не работете без филтер или
со оштетен филтер за да не предизвикате
непоправливи оштетувања на моторот.
За чистење на филтерот:
Тип I
1. Притиснете го крилцето (сл. 23.A) и
извадете го капакот (сл. 23.B) потоа и
го елементот со филтерот (сл. 23.C).
2. Измијте го елементот со филтерот (сл.
23.C) со вода и сапун. Не користете
бензин и други растворувачи.
3. Оставете филтерот да се исуши на воздух.
4. Поставете го елементот со филтерот
(сл. 23.С) и капачето (сл. 23.B).
Тип II
1. Отшрафете го шрафот (сл. 23.D), извадете
го капачето (сл. 23.A) и извадете го
елементот со филтерот (сл. 23.C);
2. Измијте го елементот со филтерот (сл.
23.C) со вода и сапун. Не користете
бензин и други растворувачи.
3. Оставете филтерот да се исуши на воздух.
4. Поставете го елементот со филтерот
(сл. 23.С) и капачето (сл. 23.B)
зашрафувајќи ги шрафовите (сл. 23.D).
8.3 СВЕЌИЧКА
За вадење и чистење на свеќичката:
1. Разлабавете го шрафот (сл. 24.A) и
извадете го капакот (сл. 24.B).
2. Откачете го капачето (сл. 24.C)
и извадете ја свеќичката.
3. Исчистете ја свеќичката за да ги
отстраните евентуалните талози со
метална шпатула (сл. 24.D). Проверете
ја и обновете ја точната оддалеченост
меѓу електродите (сл. 24.E).
4. Поставете ја свеќичката наместо
прицврстувајќи ја со приложените
клучеви и вратете го капакот (сл. 24.B)
зашрафувајќи го шрафот (сл. 24.A).
Свеќичката треба да се замени со
друга со аналогни карактеристики во
случај кога електродите се прегорени
или неправилно изолирани.
8.4 ОДРЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ
СО СЕЧИВОТО
При интервенции на уредот со сечивото,
проверете дали уредот може да се движи
и дали кабелот за свеќичката е изваден.
Со оваа машина предвидено е да се користат
уреди со сечиво коишто го носат кодот
посочен во табелата сос технички податоци
Заради развојот на производот, уредите со
сечивото наведени во табелата „Технички
податоци" треба со време да се заменат
со други со соодветни карактеристики за
замена и функционална безбедност.
Не допирајте го уредот со сечивото
додека е машината поврзана со кабелот
за свеќичката и додека сечивото
не запре да се движи докрај.
Носете заштитни ракавици.
8.4.1 Острење/порамнување
на сечивото
Од безбедносни причини, острењето
и балансирањето мора да се изведат во
специјализиран центар кој располага
со стручност и соодветни алатки за
извршување на оваа работа без да
се ризикува оштетување на сечивото
и да се предизвика небезбедна
состојба во текот на работата.
Ножевите со 3 запци се користат од обете
страни. Кога едната страна на запците ќе
се затапи, ножот може да се сврти и да
се користи другата страна на запците.
Кога и двете страни се изабени,
треба добро да се наострат.
8.4.2 Замена на сечивото
Сечивото никогаш не смее да
се поправа, туку мора да се замени
штом ќе се забележат зачетоци на
оштетување или кога ќе се достигне
дозволениот лимит за острење.
Погледнете ги поглавјата 4.5.3 и. 4.5.4.
околу постапката за замена.
MK - 16

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis