Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Монтирање; Делови За Монтирање; Поставување На Рачката; Избор На Уред Со Сечиво Ина Соодветна Заштита - Stiga BC 25 H Gebrauchsanweisung

Motorbetriebener freischneider
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für BC 25 H:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 115
F.
Предна рачка: со полукружна
форма, овозможува управување
со машината и тука е поставена
заштитната бариера за нозете.
G. Задна рачка: овозможува управување
со машината и таму се наоѓаат главните
команди за палење/гаснење/забрзување.
H. Заштита за нозете: безбедносна
заштита којашто спречува
несакан контакт со уредот со
сечивото во текот на работата.
I.
Шипка на ракофатот: рачка во форма
на „рогови" поставена хоризонтално
и асиметрично во однос на оската;
овозможува управување со машината
преку главните команди за палење/
гасење/забрзување поставени оддесно.
J.
Точка за прицврстување (на
заштитната опрема): тука се закачува
заштитната опрема за машината.
K. Заштитна опрема: опрема што
се состои од платнени ремени што
минуваат над рамениците, која
помага да се издржи тежината на
машината во текот на работата.
1. единечен ремен
2. двоен ремен
L. Заштита за сечивото (при транспорт и
преместување на машината): спречува
несакан контакт со уредот со сечивото
што може да доведе до тешки повреди.
4. МОНТИРАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината не се
монтирани во фабриката, туку треба да
се монтираат по вадење на амбалажата
следејќи ги следните упатства.
Распакувањето и целата монтажа
треба да се извршат на цврста и
рамна површина со доволно простор
за поместување на машината и на
амбалажата користејќи секогаш
соодветни алати. Не користете
ја машината пред да завршите
со сите постапки наведени во
поглавјето „МОНТИРАЊЕ".
4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1 Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете го поткаструвачот од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
4.2 ПОСТАВУВАЊЕ НА РАЧКИТЕ
4.2.1 Поставување на предната рачка
1. Поставете го капачето (сл. 3.A)
вметнувајќи го клинот (сл. 3.A.1)
во еден од предвидените отвори
на цевката за пренос.
2. Монтирајте ја дадената предна рачка со
заштитата за нозете (сл. 3.B) со помош
на шрафовите (сл. 3.C), внимавајќи
да ја задржите позицијата на двете
плочки против вибраци (сл. 3.D)
3. Зашрафете ги докрај
шрафовите (сл. 3.C).
4.2.2 Поставување на рачката
1. Отшрафете го централното копче
(сл. 4.A) и извадете го капачето (сл. 4.B).
2. Вметнете ја шипката на ракофатот
(сл. 4.C), внимавајќи командите
да се наоѓаат оддесно.
3. Свртете ја рачката во позиција
што е најповолна за работа и
блокирајте ја со помош на капачето
(сл. 4.B) и копчето (сл. 4.A).
4. Закачете го куќиштето со командите
(сл. 4.D) за држачот за каблите (сл. 4.E).
ЗАБЕЛЕШКА Со разлабавување
на копчето (сл. 4.A) може да се врти
рачката за да се отстрани пречката
што се поставува при складирање.
4.3 ИЗБОР НА УРЕД СО СЕЧИВО И
НА СООДВЕТНА ЗАШТИТА
На секој уред за сечење треба да се
става соодветната заштита како што е
посочено во табелата Технички податоци.
MK - 7

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis