Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Одржување, Одлагање И Транспорт; Заштита На Животната Средина - GGP ITALY MP2 504 Series Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 83
• Внимавајте на сообраќајот кога машината 
се користи во близина на пат.
Однесување
• Обрнете внимание кога одите во рикверц или наназад. 
Погледнете зад неа пред и при движење наназад 
за да обезбедите дека нема никакви пречки.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
• Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку 
од уредот со сечивото, особено при палење на 
моторот и додека работите со машината..
• Внимание: делот со сечивото продолжува да 
се врти уште неколку секунди откако ќе се 
исклучи или откако ќе го изгаснете моторот.
• Секогаш стојте оддалечено од отворот за празнење.
• Исклучете го уредот со сечивото.
– При менување на локацијата на работа
– При преминување на терени каде нема трева
• Исклучете го уредот со сечивото,  застанете го 
моторот, извадете го капачето на свеќичката 
и извадете го клучот за палење (ако има):
– Секојпат кога машината ја оставате без надзор;
Во случај на дефект или инциденти во 
текот на работата, веднаш исклучете го моторот 
и оддалечете ја машината внимавајќи да не 
предизвикате други оштетувања. Во случај на 
инцидент со лична повреда или повреда на трето 
лице, пристапете веднаш кон постапката за давање 
најсоодветна прва помош за дадената состојба и 
обратете се во соодветен центар за здравствена 
заштита за неопходно лекување. Отстранете ги 
темелно сите остатоци од косењето што може да 
предизвикаат дефект или повреди на лица или 
животни ако останат незабележано во машината.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова 
упатство се максимални вредности при употреба 
на машината. Употребата на елемент за косење 
којшто не е стабилен, движењето со преголема 
брзина, неодржувањето на машината, значително 
влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. 
Затоа, неопходно е да применувате заштитни 
мерки за да елиминирате можни оштетувања 
заради зголемена бучава или значителни вибрации. 
Редовно одржувајте ја машината, носете слушалки 
против бучава и правете паузи во работата.
Ограничување при употреба
• Не користете ја машината никогаш кога има оштетени 
делови, ако недостасуваат или не се правилно 
поставени (вреќата за  собирање, заштитата на 
страничниот испуст, заштитата на задниот испуст).
• Не користете ја машината ако дополнителната/
помошната опрема не се поставени на дадените точки.
• Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете 
ги манометарот и безбедносните 
системи/микропрекинувачи.
• Не менувајте ги регулациите на моторот и не 
доведувајте го моторот во голем режим на работа. 
Ако моторот почне да работи со прекумерен број на 
вртежи, ризикот од лични повреди се зголемува.
• Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не 
користете мала машина за изведување тешки работи; 
адекватно користење на машината го намалува 
ризикот и го подобрува квалитетот на работата.
2.4
ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛАГАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно одложете 
ја машината за да ја одржите безбедноста 
на машината и нивото на работа.
Не користете ја машината со користени или
оштетени делови. Оштетените или дефектните
делови треба да се заменат, никогаш да не
се поправаат. Користете само оригинални
резервни делови: употребата на делови коишто
не се оригинални и/или несоодветно поставени
може да доведат до инциденти или лични
повреди, а со тоа се ослободува производителот
од секоја обврска или одговорност.
Одржување
• За да го намалите ризикот од пожар, редовно 
проверувајте дали има пролеано масло и/или гориво.
• Во текот на операциите за регулирање на машината, 
обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви 
се наоѓаат заглавени во уредот со сечивото во 
движење и фиксните делови на машината.
Одлагање
• Никогаш не чувајте ја машината со гориво во 
резервоарот во просторија каде испарувањата 
од горивото може да допрат до отворен 
пламен, искра или до извор на топлина.
• За намалување на ризикот од оган, не оставајте 
полни контејнери во затворен простор.
Движење и транспорт
• Кога ја носите машината со возило:
1. Носете ја машината со изгаснат 
мотор без можност да се вклучи, 
ангажирајќи соодветен број лица.
2. Затворете го доводот за гориво 
(ако е предвидено).
3. Поставете ја на начин да не 
претставува опасност за никого. 
4. Цврсто блокирајте ја во текот на 
транспортот со јажиња или синџири 
за да избегнете превртување и можно 
оштетување и истекување на горивото.
2.5
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да 
се извршува релевантно и приоритетно при 
употреба на машината во корист на граѓанските 
погодности и на просторот во кој живееме. 
• Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат 
непосредното опкружување. Користете ја машината 
само во разумно време (не многу рано наутро и 
доцна навечер кога може да ги вознемирите луѓето). 
• Доследно следете ги локалните закони за фрлање 
на амбалажата, маслата, горивото, акумулаторот, 
филтрите, делови во распаѓање или какви било 
елементи со штетно влијание врз животната средина. 
Овие отпадоци не смее да се фрлаат во ѓубре туку 
треба да се селектираат и однесат во соодветни 
собирни центри кои рециклираат материјали.
• Следете ги во целост локалните закони за фрлање 
на материјалите што се резултат на сечењето.
MK - 3

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Mp2 554 seriesMp2 504 roller seriesMp2 554 roller seriesMp2 504 serieMp2 554 serieMp2 504 roller serie ... Alle anzeigen

Inhaltsverzeichnis