Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Безбедносни Мерки; Обука; Воведни Операции - GGP ITALY MP2 504 Series Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 83
2.
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1
ОБУКА
Запознајте се со командите и правилното
користење на машината. Научете брзо да го
запирате моторот. Непридржувањето кон
предупредувањата и кон упатството може да
предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди.
• Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат 
машината, или други лица што не се запознаени со 
основните упатствата. Локалните законски прописи 
ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
• Никогаш не користете ја машината доколку 
корисникот е во состојба на замор или 
изнемоштеност, или користел лекови, дрога, 
алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз 
капацитетот за навремено реагирање или внимание,
• Не пренесувајте деца или други патници
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен за 
незгодите или опасноста по други лица или нивниот 
имот. Во опсегот на одговорности на операторот 
спаѓа и проценката на можните ризици на теренот 
каде треба да се работи и затоа преземете ги сите 
неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате 
својата, но и безбедноста на другите особено на 
закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на машината има 
други лица, проверете дали корисникот ги почитува 
упатствата што се содржани во ова упатство.
2.2
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон 
против лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте 
ја машината со боси нозе или отворени сандали. 
Носете заштитни слушалки за слухот.
• Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, 
облека со лелеави делови или со врвки и врски 
и слични додатоци што висат или се долги и би 
можеле да се закачат за машината или за предмети 
и материјали кои се производ на работата. 
• Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
Област за работа/машина
• .Проверете ја темелно целата површина за 
работа и отстранете сè што би можело да 
биде исфрлено од машината и да ги оштети 
уредот за сечење/ротирачки делови (камења, 
гранки, железни остатоци, коски, итн.)..
Мотор со согорување: гориво
ОПАСНОСТ! Горивото е лесно запаливо.
• Конзервирајте го горивото во соодветни контејнери 
за таа намена, на безбедно место, подалеку 
од извор на топлина или отворен оган.
• Не оставајте на контејнерите 
остатоци од трева или лисја
• Не оставајте го контејнерот на дофат на деца.
• Не пушете додека полните или дополнувате 
гориво и секојпат кога работите со горивото.
• Дополнувајте гориво со инка и на отворено.
• Избегнувајте да ги вдишувате 
испарувањата од горивото.
• Никогаш не отворајте го капачето на 
резервоарот или не дополнувајте гориво 
додека моторот работи или е уште загреан.
• Полека отворете го капачето на резервоарот оставајќи 
внатрешниот притисок постепено да испари.
• Не приближувајте извори на отворен оган до 
резервоарот за да ја проверите содржината.
• Ако се истури гориво, немојте да го палите моторот, 
туку прво отстранете ја машината од местото 
на истурање и избегнувајте палење на оган 
додека не не испари целото истурено гориво.
• Веднаш исчистете го секој остаток од истуреното 
гориво од машината или од местото на истурање.
• Секогаш докрај затворајте го капачето на 
резервоарот и на садовите со со гориво.
• Не палете ја повторно машината на место каде се 
долевало гориво; bклучувањето на моторот треба 
да се одвива на најмалку 3 метри оддалеченост од 
местото каде се извршило полнењето на горивото.
• Избегнувајте контакт на горивото со делови од 
облеката и, доколку тоа се случи, пресоблечете 
се пред да го запалите моторот.
2.3
ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Област за работа
• Не палете го моторот во затворен простор каде може 
да се соберат опасни јаглерод моноксидни гасови. 
Операциите за палење треба да се изведат на 
отворено или во простор којшто добро се проветрува. 
Запомнете дека издувните гасови се отровни.
• Кога ја палите машината, не насочувајте 
го придушувачот, а со тоа и издувните 
гасови кон запаливи материи.
• Не користете ја машината во средина каде 
постои ризик од експлозија, во присуство на 
запаливи материи, гасови или нечистотија. 
Електричните контакти или механичките 
делови може да генерираат искри кои може 
да ги запалат правот или испарувањата.
• Работете само на дневна светлина или 
при добро вештачко осветление и при 
услови на добра видливост.
• Оддалечете ги лицата, децата и животните 
од областа за работа. Неопходно е децата да 
бидат под надзор на друго возрасно лице.
• Избегнувајте да работите  на мокра трева, 
кога врне и кога ризик од временска 
непогода, особено грмотевици.
• Обрнете особено внимание на нерамнините на 
теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени 
опасности и на присуството на дадени опасности 
коишто може да ја попречат видливоста.
• Обрнете особено внимание во присуство на 
стрмнини, дупки или препреки. Машината може 
да се преврти ако едното тркало поминува 
преку раб или ако работ е закосен.
• Работете секогаш надолжно во однос на 
косината, во правец нагоре/надолу, но никогаш 
попреку внимавајќи при тоа на менувањето 
на правецот одржувајќи правилна потпора и 
да избегнувате тркалата да удираат на пречки 
(камења, гранки, корења и сл.) со што може да 
се предизвика странично лизгање, превртување 
или загуба на контролата врз машината.
MK - 2

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Mp2 554 seriesMp2 504 roller seriesMp2 554 roller seriesMp2 504 serieMp2 554 serieMp2 504 roller serie ... Alle anzeigen

Inhaltsverzeichnis