Инсталација
Уредот можете долу да го прицврстите со два допол-
нителни шрафа. Ова е потребно кога го монтирате
уредот со приклучоци за вода на завршен ѕид (мон-
тажа на завршен ѕид).
9.2.5 Подготовка на кабелот за приклучување на
струја
≥ 30
1 Зашрафување на двојниот приклучок
» Задихтувајте ги двата двојни приклучока пред да
ги зашрафите. Зашрафете ги двата двојни при-
клучока во ѕидните плочи.
» Оставете го доводот на студена вода добро да
истече.
Напомена
Затворачкиот вентил во доводот за студена вода
не смеете да го користите за придушување на
протокот.
9.2.6 Монтажа на кабелскиот ракавец
» Водете го ракавецот преку кабелот за приклучу-
вање на струја.
72
160
9.2.7 Подготвување на задниот ѕид
» Прецизно пробијте го местото за кабелскиот
ракавец.
Доколку по грешка сте пробиле погрешна дупка за ка-
белскиот ракавец, ќе мора да употребите нов заден
ѕид.
9.2.8 Монтажа на уредот
» Извадете ги заштитните транспортни затки од
приклучоците за вода.
» Вклопете го задниот ѕид преку навојниот клин и
кабелскиот ракавец. Повлечете го ракавецот со
помош на клешти за куките за прицврстување во
задниот ѕид, додека не слушнете вклопување на
двете куки.
» Цврсто притиснете го задниот ѕид, рамно со
ѕидот. Заклучете го задниот ѕид со помош на по-
лугата за прицврстување.
9.2.9 Приклучување на вода
» Зашрафете ги навојните приклучоци со рамен
дихтунг на двојните приклучоци. Внимавајте
притоа да не се одвртат бајонетните затворачи
во уредот.