Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Опис На Уредот - AEG DDLE ÖKO TD 27 Bedienung Und Installation

Vollelektronisch geregelter komfort-durchlauferhitzer
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DDLE ÖKO TD 27:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Ракување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ повреда
!
Децата над 3 години, како и лицата со ограниче-
ни телесни, сетилни или ментални способности
или без доволно искуство и знаење може да го
користат уредот под надзор или доколку бидат
упатени во безбедното ракување и ги разбираат
опасностите коишто произлегуваат оттаму. Де-
цата не смеат да си играат со апаратот. Децата
не смеат да го чистат или да спроведуваат кори-
сничко одржување без надзор.
Ако уредот го користат деца или лица со ограничени
телесни, сетилни или ментални способности, препо-
рачуваме постојано ограничување на температурата.
Ограничувањето може да ви го постави специјализи-
ран техничар.
Материјална штета
!
Корисникот треба да ги заштити уредот и арма-
турата од мраз.
3. Опис на уредот
Уредот ја загрева водата, додека таа струи низ него.
Истечната температура на топлата вода може конти-
нуирано да се нагодува преку копчето за нагодување
на температурата. Од одредена проточна количина,
зависно од температурно нагодување и од темпера-
турата на судената вода, регулацијата го вклучува
потребниот капацитет на греење.
При ниски приливни температури и при висока сака-
на температура, протокот автоматски се придушу-
ва преку активираниот вентил за ограничување на
протокот. Така се обезбедува сигурно постигнување
на саканата температура. При работа со пред-загре-
ана вода, од 45 °C на екранот се појавува приказот
ERROR.
Копче за нагодување на температурата
Со вртење на копчето за нагодување можете кон-
тинуирано да ја нагодувате саканата температура.
Нагодената
температура се гледа на екранот. Температурното
подрачје за нагодување е наведено во поглавјето
„Технички податоци".
Тастери за меморија 1 и 2
Со овие тастери можете брзо да повикате две раз-
лични температури. Овие температури можете Вие
да ги утврдите.
ECO- тастер
Со овој тастер ја вклучувате и исклучувате функција-
та ECO. Кога ќе ја вклучите функцијата ECO, се пали
зелената ЛЕД под тастерот. Покрај ова, на екранот
се прикажува ECO-симболот.
Функцијата ECO ја ограничува проточната количина
на ECO-проток и нагодува зададена ECO-темпера-
тура. Двете вредности можат да се прилагодуваат
преку инфо-менито.
Напомена
Секое поместување на температурата на уредот
(со копчето за бирање температура или преку
тастерите за меморија) води до откажување на
функцијата ECO. Потоа, функцијата ECO мора по
потреба повторно да ја вклучите.
Доколку ја избирате температурата преку радио-та-
стерот за температура, функцијата ECO повторно
самата ќе се вклучи и по изведено црпење.
62
INFO-мени
Со притискање на ECO-тастерот влегувате во ме-
нито INFO и таму можете индивидуално да си ги ре-
гулирате функциите на удобност и/или да ги читате
вредностите (погледнете го поглавјето „Избирање
ECO"): Нагодување на ECO-температури/проточна
количина, блокада за деца, бањска програма, авто-
матика за количина на водата. Преку ECO-тастерот
можете да ги утврдите и осветленоста на екранот и
ориентациското светло.
Можности за штелување ќе ги добиете кога ќе го при-
тискате ECO-тастерот подолго од три секунди.
Но ако го притискате ECO-тастерот повеќепати, ќе
влегувате во наредните функции.
Кога ќе ја постигнете саканата функција, нагодувања-
та на функцијата можете да ги менувате со вртење на
копчето за нагодување на температурата.
Далечинско управување со помош на радио-та-
стерот за температура
Уредот можете далечински да го управувате преку
радио-тастер за температура. Емитерот е водоот-
порен и може да се користи и при туширање или
капење. Може да се комбинираат до четири ради-
о-тастери за температура. Со радио-тастерот за
температура можете да влијаете на температурата
оддалечени од уредот (на пример од мијалникот за
садови). Радио-тастерот има 4 тастери (38° и 55° се
утврдени; со можност за менување во чекори од по +
и - 0,5 °) за избор на температурата. Емитувањето на
сигналите до уредот се прикажува на радио-тастерот
за температура со палење на црвената ЛЕД.
Ако уредот е во ECO-режимот, со притискање на
некој тастер од радио-тастерот за температура
ECO-функцијата се отповикува до следното црпење.
Две минути по завршување на црпењето доаѓа до
ресетирање во режимот ECO. Ако уредот е во норма-
лен режим, можно е трајно температурно нагодување
преку радио-елементот за ракување (погледнете го
поглавјето „Радио-тастер за температура").
Динамична заштита од попарување
Уредот има динамична заштита од попарување. Ко-
рисникот, кој прво ќе избере температура на уредот
или на радио-тастерот за температура, ја утврдил
температурата за следното црпење. Во наредните
две минути по или за време на црпењето, или во
наредните две минути по завршување на црпењето,
никој друг корисник не може да ја зголеми темпера-
турата преку 43 °C.
Блокада за деца
Уредот можете да го вклучите на некоја максимална
температура (погледнете го поглавјето „Блокада за
деца").
Бањска функција на удобност
Бањската функција на удобност можете да ја наго-
дите континуирано, така што по три минути црпење,
температурата ќе се спушти за 10 °C, па по 10 секун-
ди пак ќе се покачи. По уште 10 секунди, температу-
рата повторно ќе падне за 10 °C и по 10 секунди пак ќе
се покачи (погледнете го поглавјето „Нагодување на
бањската функција на удобност"). Ова наизменично
менување на температурата трае до крајот на цр-
пењето.
Автоматика за количината на водата
Можете да нагодите автоматика за количината на
водата, којашто по одредена црпена количина го
намалува протокот на околу 4 l/min (погледнете го
поглавјето „Нагодување на автоматика за количи-
ната на водата"). На тој начин можете да влијаете
на количината на водата, а со тоа и на траењето на
туширањето. Нагодената автоматика за количината
на водата важи само за следниот процес на црпење.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Ddle öko td 18/21/24Ddle öko td 18

Inhaltsverzeichnis