Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PCM 8 SD Originalbetriebsanleitung Seite 236

Paneelsäge
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PCM 8 SD:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 13
OBJ_BUCH-2765-001.book Page 236 Tuesday, March 8, 2016 9:56 AM
236 | Македонски
Транспортен осигурувач (види слика F)
Транспортниот осигурувач 28 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 6 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 28.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 28.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање 25, ако го
заглавува механизмот за влечење 1. Извлечете го
кракот на алатот целосно нанапред и повторно
затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на
механизмот за влечење.
– Завртете ја завртката за подесување 33 сосема нагоре.
– За фиксирање на масата за пила 21 затегнете го
копчето за фиксирање 13.
– Повлечете го кракот на алатот на дршката 6 надолу,
додека транспортниот осигурувач 28 целосно не се
притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слики G1–G3)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
Вертикално фиксирање
– Ставете ја испорачаната брза стега 22 во еден од
предвидените отвори 31.
– Притиснете го делот што се обработува кон граничната
водилка 9 и 11.
– Притиснете на делот за брзо отклучување 58 и
прилагодете ја брзата стега на делот што се обработува.
– Потоа свртете го копчето 59 во правец на стрелките на
часовникот и на тој начин фиксирајте го делот што се
обработува.
Хоризонтално фиксирање
– Одвртете ја пеперутка-завртката 60 и извлечете ја
брзата стега од прачката-држач 61.
– Вметнете ја сега „намалената" брза стега 22 во отвор
предвиден за тоа 62 (за фиксирање на греда види
слика G2, за фиксирање на подни лајсни види слика
G3).
Повторно заглавете ја брзата стега со помош на
пеперутка-завртката 60 на прачката-држач 61.
– Притиснете го цврсто делот што се обработува на
масата за пила 21.
– Притиснете на делот за брзо отклучување 58 и
прилагодете ја брзата стега на делот што се обработува.
1 609 92A 27V | (8.3.16)
– Потоа свртете го копчето 59 во правец на стрелките на
часовникот и на тој начин фиксирајте го делот што се
обработува.
Олабавување на делот што се обработува
– За да ја олабавите брзата стега најпрво свртете го
копчето 59 во правец спротивен на стрелките на
часовникот.
– Потоа притиснете на делот за брзо отклучување 58 и
извлечете ја навојната прачка од делот што се
обработува.
Продолжување на масата за пилата
(види слика H)
Флексибилниот систем за прикачување на
продолжетоците на масата за пила 63 Ви овозможува
голем број на варијанти на продолжување.
– По потреба ставете ги флексибилните продолжетоци на
масата за пила 63 во прифатите 64 на електричниот
апарат или во прифатите 65 на стационарните
продолжетоци на масата за пила.
Комбинирано сечење со закосување
Напомена: Кај Сечење со комбинирани хоризонтални и
вертикални агли на закосување секогаш поставувајте го
прво вертикалниот, а дури потоа хоризонталниот агол на
закосување.
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување (види слика I)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 48° (на левата страна) до 48° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање 13, доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот 14 и свртете ја масата за пила 21
додека показателот на агли 17 не го покаже саканиот
агол на закосување.
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 13.
За брзо и прецизно подесување на често употребувани
агли на закосување масата за пилата 21 може да ја
вклопите во следните стандардни агли:
лево
45° 30°
22,5° 15°
15° 22,5°
Подесување на вертикалниот агол на
закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во
еден опсег од 45° (на левата страна) до 45° (на десната
страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, постојат граничници за агли од 0° и 45°, и
дополнително од левата страна за аголот 33,9° и 22,5°.
десно
30°
45°
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis