Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Stiga CP1 430 Gebrauchsanweisung Seite 113

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für CP1 430:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 46
2.3
ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Област за работа
• Не користете ја машината во средина каде постои
ризик од експлозија, во присуство на запаливи
материи, гасови или нечистотија. Електричните
делови предизвикуваат искри што може да ги запалат
нечистотиите или испарувањата.
• Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко осветление и при услови на добра видливост.
• Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа
за работа. Не може да се чуваат деца додека се користи
на машината, тие треба да бидат чувани од друго лице.
• Избегнувајте да работите на мокра трева, кога врне и
кога ризик од временска непогода, особено грмотевици.
• Не изложувајте ја машината на дожд или
влажни услови. Водата што може да навлезе
во електричниот дел го зголемува ризикот од
електричен удар.
• Обрнете особено внимание на нерамнините на
теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени
опасности и на присуството на дадени опасности
коишто може да ја попречат видливоста.
• Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини,
дупки или препреки. Машината може да се преврти
ако едното тркало поминува преку раб или ако работ
е закосен.
• Работете секогаш надолжно во однос на косината, во
правец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајќи
при тоа на менувањето на правецот одржувајќи
правилна потпора и да избегнувате тркалата да
удираат на пречки (камења, гранки, корења и сл. )
со што може да се предизвика странично лизгање,
превртување или загуба на контролата врз машината.
• Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи
во близина на пат.
• Внимание: Влагата и електричната енергија не се
компатибилни. Уверете се дека рацете ви се суви
кога ракувате или ги поврзувате електричните кабли.
1. Никогаш не поврзувајте приклучница или кабел
во влажна просторија (присуство на вирови или
влажна трева).
2. Поврзувањата помеѓу каблите и приклучниците
мора да бидат отпорни на вода. Користете
продолжен кабел што е отпорен на вода, и исто
такви приклучници достапни на пазарот.
Однесување
• Обрнете внимание кога одите во рикверц или
наназад. Погледнете зад неа пред и при движење
наназад за да обезбедите дека нема никакви пречки.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
• Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку од
уредот со сечивото, особено при палење на моторот
и додека работите со машината.
• Внимание: сечилото продолжува да се врти уште
неколку секунди откако ќе се исклучи или откако ќе
го изгаснете моторот.
• Држете растојание од отворот за исфрлање.
Доколку нешто се скрши или дојде до незгода
за време на работата, исклучете го моторот
веднаш и оддалечете ја машината за да се избегне
понатамошна штета; Во случај на инцидент со лична
повреда или повреда на трето лице, пристапете
веднаш кон постапката за давање најсоодветна
прва помош за дадената состојба и обратете се
во соодветен центар за здравствена заштита за
неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите
остатоци од косењето што може да предизвикаат
дефект или повреди на лица или животни ако
останат незабележано во машината.
• Не го користете кабелот неправилно. Не го
користете кабелот за транспорт на машината, за
повлекување или исклучување од приклучница.
Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло,
остри рабови или подвижни делови. Оштетените
или заплетканите кабли го зголемуваат ризикот од
струен удар.
• Избегнувајте контакт на телото со површина со
маса или со земја, како цевки, радијатори, кујнски
апарати, фрижидери. Ризикот од електричен удар се
поттикнува ако телото се најде на маса или земја.
Ограничување при употреба
• Никогаш не ракувајте со машината кога
обезбедувачите се оштетени, нецелосни
или неправилно монтирани (корпа за трева,
обезбедувачи за странично исфрлање, обезбедувачи
за задно исфрлање).
• Не користете ја машината ако дополнителната/
помошната опрема не е поставена на дадените точки.
• Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете ги
манометарот и поставените безбедносни системи/
микропрекинувачи.
• Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не
користете мала машина за изведување тешки работи;
адекватно користење на машината го намалува
ризикот и го подобрува квалитетот на работата.
• Напојувајте го уредот преку диференцијал (RCD – Уред
за диференцијална струја) со јачина на струја до 30 mA.
• Приклучокот на машината мора да биде
компатибилен со приклучницата. Не го
модификувајте приклучокот на кој било начин.
Не користете адаптери со зазејмени машини.
Немодификуваните приклучоци и соодветните
приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
• Постојаното поврзување на кој било електричен
уред со електричната мрежа на зградата мора да
го врши квалификуван електричар, во согласност
со важечките одредби. Неправилното поврзување
може да предизвика сериозни повреди, во некои
случаи и смрт.
• Струјните кабли мора да бидат со квалитет не помал
од H05RN-F или H05VV-F со минимален пресек од
1,5 mm² и максимална препорачана должина од 25 m.
2.4
ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината
за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на
работа.
Одржување
• Никогаш не користете ја машината со користени или
оштетени делови. Оштетените или дефектните делови
треба да се заменат, никогаш да не се поправаат.
• Во текот на операциите за регулирање на машината,
обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви
се наоѓаат заглавени во уредот со сечивото во
движење и фиксните делови на машината.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова
упатство се максимални вредности при употреба
на машината. Употребата на елемент за косење
којшто не е стабилен, движењето со преголема
брзина, неодржувањето на машината, значително
влијаат врз емисијата на бучава или вибрации.
Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки
за да елиминирате можни оштетувања заради
зголемена бучава или значителни вибрации; редовно
одржувајте ја машината, носете слушалки против
бучава и правете паузи во работата.
Одлагање
• За намалување на ризикот од оган, не оставајте
полни контејнери во затворен простор.
MK - 2

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Cp1 480

Inhaltsverzeichnis