Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 12 SDE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 302

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 12 SDE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 15
OBJ_BUCH-2301-002.book Page 302 Monday, December 22, 2014 10:15 AM
302 | Македонски
Сечење без влечење (отсекување) (види слика P)
– За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете ја завртката за фиксирање 6,
доколку истата е затегната. Поместете го кракот на
алатот до крај во правец на граничните водилки 2 и 1 и
повторно затегнете ја завртката за фиксирање 6.
– Поставете го саканиот агол на косо сечење.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете го лостот за фиксирање 13 и рачката на
апаратот водете ја полека надолу со дршката 12.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење 36
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање 6, доколку истата е затегната.
– Поставете го саканиот агол на косо сечење.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поместете го кракот на алатот од граничните водилки 1,
додека листот за пилата не дојде пред делот што се
обработува.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете го лостот за фиксирање 13 и рачката на
апаратот водете ја полека надолу со дршката 12.
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки 1 и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечете делови со еднаква должина (види слика Q)
За едноставно сечење на исти делови може да го
користите граничникот за должина 54 (опрема).
Граничникот за должина може да го монтирате на двете
страни на продолжетокот на масата за пила 28.
– Олабавете ја завртката за блокада 55 и преклопете го
граничникот за должина 54 над завртката за затворање
56.
– Повторно затегнете ја завртката за фиксирање 55.
– Поставете го продолжетокот на масата за пила 28 на
саканата должина (види „Продолжување на масата за
пилата", страна 299).
Подесување на граничникот за длабочина
(сечење на жлеб) (види слика R)
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Навалете го граничникот за длабочина 41 нанапред.
– Притиснете на рачката за блокирање 13 и рачката на
алатот навалете ја посакуваната позиција.
1 609 92A 0Z5 | (22.12.14)
– Свртете ја завртката за подесување 40 додека крајот на
завртката не го допре граничникот за длабочинa 41.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од склизнување.
На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу
делот што се обработува, граничната водилка и масата за
пила.
Доколку е неопходно. мора да припремите специјални
држачи.
Проверка на основните поставки и подесување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот уред треба да биде приклучен на
напојување со струја.
 Никогаш не го активирајте прекинувачот за
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на апаратот). Невнимателниот старт на
електричниот апарат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 19 до жлебот 26 за 0°. Лостот
23 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика S1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Притиснете го лостот за фиксирање 13 и рачката на
апаратот водете ја полека надолу со дршката 12.
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што,
запците од листот на пилата ќе се израмнат со линијата
за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот 33.
Ласерските зраци мора по целата должина од левата и
десната страна да бидат на исто растојание од означената
линија на сечење на делот за обработка, дури и кога
кракот на алатот се поместува надолу.
Поставување на прецизноста: (види слика S2)
– Свртете ја соодветната завртка за подесување 57 со
клучот со внатрешна шестаголна глава (2 mm) 58,
додека ласерските зраци по целата должина не дојдат
на истото растојание од означената линија на сечење на
делот за обработка.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis