Вовед
Овалната лента е наменета за олеснување на прилепувањето за кожа на предавателите и
гликозните сензори на Medtronic.
Индикации за употреба
Овалната лента е наменета за еднократна употреба со производите поврзани со гликозните
сензори на Medtronic.
Контраиндикации
Нема никакви контраиндикации во врска со користењето на овалната лента. За
контраиндикации поврзани со континуираното следење гликоза, видете го Упатството за
употреба за системот.
Клинички бенефиции
Нема примена. Овалната лента е додаток кој го олеснува прилепувањето на предавателите и
гликозните сензори на Medtronic.
Безбедност на корисникот
Предупредувања
Нема.
Мерки на претпазливост
Прочитајте го целиот прирачник пред да ја користите овалната лента.
Ротирајте го местото на вметнување на сензорот за да не дојде до прекумерно користење на
местата.
Проверете дали на местата за вметнување на сензорот има иритациja на кожата и третирајте ги
симптомите во согласност со упатствата добиени од здравствен работник.
Пред употреба, проверете дали е оштетено пакувањето.
Ризици и несакани дејства
Несаканите појави вклучуваат алергиска реакција, еритема, нелагодност, воспаление/
воспаление на кожата, иритација/иритација на кожата, чешање, болка, осип и инфекција.
Опасни супстанции
Нема.
Алергени
Лепилото содржи 5-10% колофониум (pix græca).
Одржување
Чистење
Нема примена. Овалната лента е за еднократна употреба.
- 175 -