Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Ознаки За Безбедност; Етикета За Идентификација - Stiga MP2 500 Li D48 series Gebrauchsanweisung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MP2 500 Li D48 series:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 94
Операторот е во позиција да управува со
машината и да ги вклучува главните команди
држејќи се секогаш зад ракофатот и на безбедно
растојание од ротирачкиот уред со сечивото.
Оддалечувањето на операторот од
машината предизвикува запирање на и на
ротирачкиот уред по неколку секунди.
3.1.1
Предвидена употреба
Оваа машина е наменета и изработена за косење
(и собирање) трева во градина и тревни површини,
со висина според нејзиниот капацитет за косење,
управувана од оператор кој оди зад неа.
Генерално, оваа машина може:
1.
Да коси трева и остатокот да го собере
во вреќата на корпата за трева.
2.
Да коси трева и да ја исфрли на
земјата преку задниот отвор.
3.
Да коси трева и да ја исфрли на земјата
преку страничниот отвор (доколку има).
4.
Да коси трева, да ја кастри и да ја исфрли на
земја (ефект на мулчирање - доколку има).
Употребата на одредена дополнителна опрема којашто
ја предвидел производителот како оригинална опрема
и делови што се набавуваат засебно, дозволуваат да
ја завршите оваа работа на различни работни начини,
претставени во ова упатство и во упатството што се
доставува со дадената дополнителна опрема.
3.1.2
Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба, поинаква од горенаведените,
може да претставува опасност и да предизвика
повреди и штети за лица и/или предмети.
Примери за несоодветна употреба
вклучуваат, но не се ограничени на:
– Транспорт на други лица, деца или животни
со машината, кои може да паднат и да
се здобијат со тешки повреди или да го
попречат безбедното управување.
– Транспорт на машината.
– Употреба на машината за влечење или буткање товар.
– Вклучување на уредот со сечивото
врз терени на кои нема трева.
– Употреба на машината за собирање
на лисја или остатоци.
– Употреба на машината за порамнување огради
или за косење вегетација што не е трева.
– Употреба на машината од страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО
Несоодветната употреба на машината
доведува до поништување на гаранцијата и го
ослободува Производителот од секаква одговорност,
а корисникот, според тоа, ќе биде одговорен
за сите и за каква било штета или повреда
предизвикана на самиот себе или на другите.
3.1.3
Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници,
т.е. оператори коишто не се професионалци.
Наменета е за „домашна употреба".
ВАЖНО
Машината може да се
користи само од еден оператор.
3.2
ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има симболи (сл.2.0). Нивната
функција е да го потсетат корисникот на
неопходноста од внимателна употреба.
Значење на симболите:
Предупредување. Прочитајте
го упатството пред да ја
користите машината.
Опасност! Опасност од исфрлени
предмети. Оддалечете ги луѓето
што е можно подалеку од местото на
работа кога ја користите машината.
Само за косилки со термички мотор.
Опасност! Ризик од посекотини.
Уред со сечиво во движење. Никогаш
не ставајте ги рацете или нозете
во внатрешноста каде што е
сместен уредот со сечивото.
Внимавајте на уредот со сечивото
за косење. Никогаш не ставајте ги
рацете или нозете во внатрешноста
каде што е сместен уредот со сечивото.
Уредот со сечивото продолжува
да се врти и по исклучување на
моторот. Извадете го безбедносниот
клуч (уредот за деактивирање)
пред да се врши одржувањето.
ВАЖНО
Дадените налепници што се скинале
или не се читливи, треба да се заменат. Нарачајте
резервни налепници од Овластениот сервисен центар.
3.3
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Етикетата за идентификација ги содржи
следните податоци (сл.1.0).
1.
Ниво на акустична моќност.
2.
Ознака за усогласеност со CE.
3.
Година на производство.
4.
Тип на машината.
5.
Сериски број.
6.
Име и адреса на производителот.
7.
Код на производ.
8.
Максимална брзина при работа на моторот.
9.
Тежина во кг.
10. Волтажа и вид напојување.
11. Степен на електрична заштита.
12. Номинална моќност.
Запишете ги податоците за идентификација за
машината на соодветните места на дадената
етикета од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО
Наведете ги податоците од етикетата
за идентификација на производот секогаш кога ќе
го контактирате Овластениот сервисен центар.
ВАЖНО
Примерот на Изјавата за сообразност
се наоѓа на последната страница во упатството.
MK - 4

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis