Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch 0 607 352 113 Originalbetriebsanleitung Seite 207

Winkelschleifer
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 0 607 352 113:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2005-002.book Page 207 Monday, January 20, 2014 5:27 PM
– За Исклучување на пневматскиот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 17.
Совети при работењето
 Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика".
 Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
 Не го оптоварувајте многу пневматскиот алат,
додека не дојде во состојба на мирување.
 По силното оптоварување, оставете го
пневматскиот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
 Пневматскиот алат не го користете со пулт за
сечење.
Доколку се прекине напојувањето со воздух или се намали
работниот притисок, исклучете го пневматскиот алат и
проверете го работниот притисок. При оптимален работен
притисок, одново вклучете го алатот.
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
Аголна брусилка
Изборот на алатите за вметнување, како плоча за
брусење, сечење и чистење, ламелеста брусна плоча во
вид на лепеза и гумен диск за брусење со лист за брусење,
се води според случајот на примена и подрчјето на
користење.
Оптимални резултати на брусењето се постигнуваат кога
брусното тело со лесно притиснување рамномерно го
движиме напред назад.
Преголемиот притисок го намалува капацитетот на
пневматскиот алат и брусното тело брзо се троши.
Брусење со ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Сечење на метал (види слика H)
 При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете заштитна хауба за сечење.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не одете
во агли и не осцилирајте.
Не ги кочете брусните плочи за сечење со страничен
притисок.
Пневматскиот алат секогаш мора да се води во спротивен
правец на движење. Инаку постои опасност, тој
неконтролирано да се истисне од резот.
При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е
да поставите на најмалиот пресек.
Bosch Power Tools
Сечење на камен
 При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
 Носете маска за заштита од прав.
 Пневматскиот алат смее да се користи само за суво
сечење/суво брусење.
За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска
брусна плоча за сечење. За безбедност против навалите,
за сечење со лизгачка водилка мора да се употребува
хауба за вшмукување.
Користете го пневматскиот алат само со вшмукувач за
прав и дополнително носете маска за заштита од прав.
Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен за
вшмукување на прав при обработка на камен. Bosch ги
нуди соодветните вшмукувачи на прав.
– Вклучете го пневматскиот алат и поставете го со
предниот дел на лизгачките водилки на делот што се
обработува. Поместувајте го пневматскиот алат со
умерено движење по материјалот што се обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со
чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу
дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење
во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата
DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата.
Мора неопходно да се придржувате до овие прописи.
Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот
статичар, архитект или надлежните градежни
раководители за да се советувате.
Грубо брусење
 Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење
ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го пневматскиот алат со умерен притисок
наваму-натаму. Притоа, делот што се обработува нема да
се вжешти, да се офарба и нема да има бразди.
Брусење со брусна хартија со гумен диск за брусење
Изборот на соодветната брусна хартија се води според
материјалот, кој што треба да се обработува.
Bosch нуди разни квалитети на листови за брусење, кои
што одговарат на гумениот диск за брусење.
Консултирајте се со вашиот стручен добавувач.
Македонски | 207
3 609 929 C70 | (20.1.14)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

0 607 352 114

Inhaltsverzeichnis