Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch EXAConnecT II + I Originalbetriebsanleitung Seite 345

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
OBJ_BUCH-3302-001.book Page 345 Thursday, October 5, 2017 7:16 AM
RS422-врска за RS232- или USB-интерфејс
Додека базната станица има два сериски интерфејса
RS422 (COM1 и COM2), некои бар-код скенери имаат
сериски RS232- или USB-интерфејс. Таквиот бар-код
скенер може да се приклучи само со помош на интерфејс
конвертор на базната станица.
– Извадете го поклопецот за одржување 8 (види
„Приклучување", страна 341).
– Олабавете ја контра навртката 12 на средната лева
кабелска уводница 11 и извлечете струен кабел со
најмалку 6 жици 41 низ отворот на кабелската
уводница кон еден од двата RS422-интерфејса на
терминалниот блок 18.
RS422-интерфејсите треба да се поврзат согласно
следната табела.
EXAConnecT
Интерфејс конвертор
IA+
Tx+
IB–
Tx–
OZ-
Rx–
OY+
Rx+
GND
GND
24V+
V+*
*Доколку влезниот напон е соодветен на интерфејс конверторот 24-
V-DC, може да употребите 24V+ на терминалниот блок 18 на
EXAConnecT за напојување со напон.
Препорачаните должини на кабли меѓу базната станица и
интерфејс конверторот изнесуваат максимално 1000 м и
помеѓу интерфејс конверторот и бар-код скенерот
максимум 5 м.
– По приклучувањето, повторно цврсто зашрафете го
поклопецот за одржување 8 со двата шрафа со крстест
жлеб 2 на базната станица.
– Потоа повторно затегнете ја контра навртката 12 на
средната лева кабелска уводница 11.
Напомена: При сериска постапка, се користат D-SUB9-
приклучоци/чаури. Евентуално мора да употребите т.н.
Gender Changer, кој овозможува промена од приклучокот
на приклучницата или обратно.
Конфигурација на бар-код скенерот
По приклучувањето на каблите на базната станица,
приклучокот на напојувањето со енергија и поврзувањето
со PC, мора да го конфигурирате софтверот, за да може да
се обработат влезните сигнали на интерфејс
конверторот/ите и на бар-код скенерот/ите.
Напомена: Нека ви бидат при рака упатствата за употреба
на интерфејс конверторот/ите и на бар-код скенерот/ите.
Таму ќе ги пронајдете потребните параметри за
подесување.
– Отворете веб-пребарувач и во полето за адреса
внесете http://10.10.10.10.
▷ Софтверот ќе се вчита.
– Изберете го табулаторот EXAConnecT.
– Кликнете на копчето Setup.
▷ Ќе се прикаже прозорецот EXAConnecT Setup.
– Изберете го табулаторот COM Port Devices.
Bosch Power Tools
– Во полето на паѓачката листа Device on COM1 изберете
ја опцијата Barcode Scanner.
– Кликнете на копчето COM1 Parameter Setup.
▷ Ќе се прикаже прозорецот Setup COM1.
– Во полињата на паѓачките листи внесете ги саканите
опции за Baudrate, Data Bits, Parity, Stop Bits.
Брзината на пренос на податоци на RS422-
интерфејсите на базната станица може да се подеси во
граници од 1200 бауда до 115200 бауда, како и со
различни вредности за податочни битови, паритет, и
стоп битови по софтвер. Handshake (ракување) на
хардверот, по дефиниција, не е превидено.
– Кликнете на копчето Save.
– Доколку сте приклучиле само еден бар-код скенер,
кликнете во прозорот EXAConnecT Setup на копчето
OK.
Доколку сте приклучиле втор или трет бар-код скенер,
може да ги конфигурирате со аналогни чекори преку
полето на паѓачката листа Device on COM2 или Device on
COM3.
Приклучување на сигнална сијаличка (види
слика K)
Може да приклучите сигнална сијаличка 38 преку
програмската контрола (SPS) или без SPS директно на
базната станица.
Сигналните сијалички и светлечките столбови не спаѓаат
во понудата на Bosch.
 Внимавајте на упатството за употреба.
Сигналните сијалички, на кои им е потребна вкупна јачина
помала од 10 W, може да се приклучат директно на
базната станица.
Инаку на сигналните сијалички им е потребно сопствено
напојување со енергија.
– Извадете го поклопецот за одржување 8 (види
„Приклучување", страна 341).
– Олабавете ја контра навртката 12 на средната десна
кабелска уводница 11 и извлечете го кабелот на
сигналните сијалички низ отворот на кабелската
уводница кон „OUT+"-терминалите на терминалниот
блок.
24-V излез е поставен со оптички изолатори без
потенцијал за 24-V сигнали. Може да се приклучат до 3 A.
– Приклучете ги 4 жици на сигналните сијалички на
„OUT+"-терминалите.
Се препорачува следната конфигурација:
Терминал
Опис
OUT1+
Сигнализира дека „одвртувачот е
активиран" на пр. за жолтата сигнална
сијаличка 43 на излезот „OUT1".
OUT2+
Сигнализира точно поединечно
зашрафување (поединечен резултат во
ред) на пр. за зелена сигнална сијаличка 45
на излез „OUT2".
1 609 92A 43G | (5.10.17)
Македонски | 345

Werbung

loading