Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch EXAConnecT II + I Originalbetriebsanleitung Seite 339

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
OBJ_BUCH-3302-001.book Page 339 Thursday, October 5, 2017 7:16 AM
 Прочитајте ги и внимавајте на безбедносните и
работните напомени во упатството за употреба за
одвртувачот што го користите
BT-EXACT/BT-ANGLE EXACT.
Bluetooth®-ознаката со зборови, како и сликите
(логоата) се регистрирани трговски марки и
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на
оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца
преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Системот за зашрафување на Bosch BT-EXACT/
BT-ANGLE EXACT и EXAConnecT е наменет за
зашрафување и олабавување на шрафови како и
затегање и олабавување на мутери во дадените граници на
димензии и капацитет. Тој не е наменет за документирање
на вртежниот момент или агол на ротација на едно
зашрафување.
Сигналот в.р.- одн. н.в.р. е резултат исклучиво на
сигналот на исклучување на механичката исклучна спојка,
која мора соодветно да се калибрира и постојано да се
контролира. Овој сигнал в.р.- одн. н.в.р. не дозволува да
се направат пропусти во квалитетот на зашрафување.
Овие сигнали може да се анализираат и документираат со
базната станица EXAConnecT и нивниот софтвер. Robert
Bosch GmbH не дава гаранција при промената на
хардверот и/или софтверот или на приклучок од
дополнителен хардвер.
Напомени во зависност од земјата
Европска заедница
Овој систем за зашрафување смее да се користи во сите
земји од Европската Заедница. Во Франција се забранува
само употребата на Bluetooth. Ве молиме распрашајте се
за одредбите во областа на примена.
Северна Америка
Базната станица е проверена и е во рамките на дозволени
гранични вредности за еден дигитален уред од класата А
според дел 15 од Директивата на американските сојузни
власти за телекомуникации (Федерална комисија за
комуникации). Овие граници претставуваат една
соодветна заштита од штетните радио-пречки, доколку
базната станица се постави во индустриски сектор.
Базната станица создава, користи и зрачи радио –
фреквентната енергија, која може да предизвика пречки
на радио приемот, доколку не се инсталира и користи
согласно упатството на производителот. Користењето на
оваа базна станица во станбена област може да
Bosch Power Tools
предизвика штетни радио пречки, кои лицето што ја
користи, мора да ги отстрани на свој трошок.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува
на приказот на графичките страници.
1 Базна станица EXAConnecT
2 Шрафови со крстест жлеб
3 Зелен LED-приказ (подготвен за работа)
4 Жолт LED-приказ (етернет-врска)
5 Син LED-приказ (Bluetooth-врска)
6 Екран: приказ за статусен код
7 Сервисен поклопец
8 Поклопец за одржување
9 Отвори за прицврстување на ѕид
10 Дихтунг-прстен
11 Кабелска уводница (PG 16)
12 Контра навртка за кабелската уводница
13 Терминал за заземјување
14 RS232-интерфејс
15 Батерија за резервно напојување
16 DIP-прекинувач за базната станица
17 Копче за ресетирање на базната станица
18 Терминален блок
19 Приклучок за напојување со енергија
20 Копчеста батерија за часовникот за реално време
21 Лежиште за копчестата батерија
22 M4-шрафови со крстест жлеб
23 Струен кабел (3-жици)*
24 Пластична пречка за изолација на приклучокот за
напојување со енергија од другите приклучоци
25 Мрежен кабел (етернет)*
26 Струен кабел (5-жици)*
27 Модул за проширување I/O-модул
28 Шрафови со крстест жлеб
29 DIP-прекинувач I/O-модул
30 Копче за ресетирање на I/O-модулот
31 Црвен LED-приказ (грешка)
32 Зелен LED-приказ (подготвен за работа)
33 RJ45-интерфејс (етернет)
34 Кабелска уводница (PG 16)
35 Сервисен поклопец
36 Дихтунг-прстен
Опционално проширување на системот
37 Механичко копче/прекинувач
38 Сигнална сијаличка
39 Копче за отпуштање*
40 Кабел за копчето за отпуштање
41 Интерфејс конвертор
42 Скенер за бар-код (RS232 или USB)
1 609 92A 43G | (5.10.17)
Македонски | 339

Werbung

loading