Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Stiga MP 84 Serie Gebrauchsanweisung Seite 461

Aufsitzmäher (rasenmäher mit fahrersitz mit sitzendem benutzer)
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MP 84 Serie:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 164
4.1.1 Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно 
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата 
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите 
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја амбалажата од машината 
следејќи ги следните мерки:
– подигнете ја плочата со уредот со 
сечивото на највисока висина (пасус 
5.10) за да избегнете оштетување 
во моментот кога ја спуштате 
машината од палетата на земја.
– Симнете ја машината од 
палетата на земја. 
Кај моделите со хидростатички пренос, 
ставете ја рачката за деблокирање 
на задниот пренос во позиција 
за деблокирање (par. 5.13).
4.2 ПОСТАВУВАЊЕ НА ВОЛАНОТ
1. Поставете ја машината на рамно и 
порамнете ги предните тркала.
2. Поставете го центарот (сл. 3.A) на 
носачот (сл. 3.B), внимавајќи забецот 
(сл. 3.C) правилно да се вметне 
во лежиштето на центарот.
3. Ставете го капакот на командната 
табла (сл. 3.D) ставајќи го на седумте 
куки во соодветните лежишта.
4. Поставете го воланот (сл. 3.E) врз 
центарот (сл. 3.A) iи при тоа краците 
да се свртени кон седиштето.
5a. Само за волан од типот "I" - вметнете 
го разделникот (сл. 3.F) и фиксирајте 
го воланот со доставените шрафови 
(сл. 3.G) според посочениот редослед.
5b. Само за волан од типот "II" -
фиксирајте го воланот со помош на 
доставените шрафови (сл. 3.F, 3.G)
според посочениот редослед.
6. Ставете го капакот на воланот (сл. 3.H)
вметнувајќи го на соодветното место, 
треба да слушнете звук на кликнување.
4.3 МОНТИРАЊЕ НА СЕДИШТЕТО
Монтирајте го седиштето (сл. 4.А) на плочата 
(сл. 4.В) со помош на шрафовите (сл. 4.С).
4.4 МОНТИРАЊЕ И ПОВРЗУВАЊЕ
НА АКУМУЛАТОРОТ
Акумулаторот (сл. 5.А) е сместен под 
седиштето и се држи со федер (сл. 5.В).
1. Поврзете го прво црвениот кабел (сл. 
5.C) за позитивниот пол (+) и потоа 
црниот кабел (сл. 5.D) со негативниот 
пол (-) со помош на доставените 
шрафови како што е посочено. 
2. Намачкајте ги деловите со 
силиконска маст и одржете правилна 
поставеност на капачето за заштита 
на црвениот кабел (сл. 3.E).
ВАЖНО Секогаш полнете го до крај
следејќи ги упатствата дадени во упатството
за акумулаторот.
ВАЖНО За да спречите да се активира
заштитата на електрониката, исклучително
е забрането да го палите моторот пред да се
наполни акумулаторот до крај!
4.5 ПОСТАВУВАЊЕ НА
ПРЕДНИОТ БРАНИК
1a. Само за браник од типот "I" -
1.
поставете го предниот браник (сл. 6.A) 
на долниот дел од шасијата (сл. 6.B) со 
помош на четири шрафови (сл. 6.C).
1b. Само со браник од типот "II"
1. Поставете ги двете потпори (сл. 6.A)
и (сл. 6.B) за долниот дел на шасијата 
(сл. 6.C)  почитувајќи го посочениот 
редослед за монтирање даден 
на сликата: R= десно; L= лево.
2. зашрафете ги докрај 
шрафовите (сл. 6.D).) 
3. Фиксирајте го предниот браник 
(сл. 6.E) за потпорите (сл. 6.A) и 
(сл. 6.B) со помош на шрафовите 
(сл. 6.F) и навртките (сл. 6.G).
4.6 ПОСТАВУВАЊЕ НА ДЕФЛЕКТОРОТ
ЗА СТРАНИЧНИОТ ИСПУСТ
(САМО КАЈ МОДЕЛИ СО
СТРАНИЧЕН ИСПУСТ)
1. Однатре на дефлекторот за страничен 
испуст  (сл. 7.А),  поставете го федерот 
(сл. 7.В)  внесувајќи го крајот (сл. 
7.Б.1)  во отворот и свртете за да 
може федерот  (сл. 7.В)  и крајот (сл. 
7.В.2)  да бидат добро поставени 
во соодветните лежишта.
2. Поставете го дефлекторот со 
страничен испуст (сл. 7.А) соодветно 
на потпорите  (сл. 7.С)  на плочата 
со уредот со сечивото и со помош 
на шрафцигер, свртете го вториот 
крај (сл. 7.В.2)  на федерот  (сл. 
7.В)  за да се постави однадвор 
на  дефлекторот за страничен испуст.
3. Вметнете го клинот (сл. 7.D) во отворите 
на потпорите (сл. 7.C) и на  дефлекторот 
MK - 8

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Mp 98 serieSd 98 serieSd 108 serie

Inhaltsverzeichnis