Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Обем На Испорака - Bosch GCM 10 J Professional Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 10 J Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 9
OBJ_BUCH-1156-002.book Page 253 Friday, December 12, 2014 10:20 AM
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми:
EN 61029-1, EN 61029-2-9.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 27.11.2014
Монтажа
 Избегнувајте невнимателно вклучување на
електричниот апарат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот апарат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот апарат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за отсекување и сечење под агол со монтиран
лист за пилата
– Држач за заштита од превртување 26 со завртка за
прицврстување 31
– Копче за фиксирање 8
– Вреќичка за прав 21
– Столарска стега 17
– Внатрешен шестаголен клуч/крстест одвртувач 28
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Монтажа на поединечните делови
Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
Bosch Power Tools
Монтирање на заштитата од превртување (види слика A)
Пред првата употреба на електричниот апарат мора да го
монтирате држачот за заштита од превртување 26.
– Ставете го држачот за заштита од превртување 26 во
предвидените отвори 30 во основната плоча.
– Фиксирајте го држачот за заштита од превртување со
завртката за прицврстување 31.
 Никогаш не го отстранувајте држачот за заштита од
превртување. Без заштитата од превртување,
електричниот апарат нема да биде стабилен и може да
се преврти при сечење на максимални агли на
закосување.
Монтирање на копчето за фиксирање (види слика B)
Пред првата употреба на пилата за отсекување и сечење
под агол мора да го монтирате копчето за фиксирање 8 (за
фиксирање на саканиот хоризонтален агол на
закосување).
– Извадете ја завртката којашто е завртена во отворот за
копчето за фиксирање само заради испораката.
– Завртете го копчето за фиксирање 8 во соодветниот
отвор над лостот 9.
 Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање 8
пред сечењето. Инаку листот на пилата може да се
заглави во делот што се обработува.
Фиксна или флексибилна монтажа
 За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слики D1–D2)
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 13.
или
– Зацврстете ги ногарките на електричниот апарат со
обични столарски стеги на работната површина.
Монтажа на Bosch-работна маса
GTA-работните маси на Bosch на електричниот апарат му
нудат стабилност на секоја подлога со помош на ногарките
што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се
обработува на работната маса служат како потпора на
подолгите делови за обработка.
 Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
упатства што се приложени кон работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
 Монтирајте ја прописно работната маса, пред да го
монтирате електричниот уред. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од нејзино
распаѓање.
– Монтирајте го електричниот апарат во транспортна
положба на работната маса.
Македонски | 253
1 609 92A 0XH | (12.12.14)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis