h. Рачките да бидат суви, чисти и незагадени со масло и маснотии. Замастените,
мрсните рачки се лизгави и доведуваат до губење контрола.
i. Нозете и рацете држете ги понастрана од уредот за сечење, а пред сè кога
го вклучувате моторот.
j. Внимание! Елементите за сечење ротираат и по исклучувањето намоторот.
k. Овој уред не е наменет за користење од страна на лица (вклучувајќи деца) со
ограничени физички, моторни и психички способности или недоволно искуство и/или
недостаток на познавање, во спротивно треба да бидат надгледувани од лице поради
нивна безбедност или пак да добијат упатства од тоа лице како се користи уредот.
4. Употреба на и управување со електричната алатка
a. Не преоптеретувајте го уредот. За вашата работа користете ја електричната
алатка со соодветна намена. Со соодветната електрична алатка ќе работите
подобро и посигурно во дадената работна област.
b. Не користете електрична алатка чиј што прекинувач е дефектен. Електричната
алатка која што повеќе не може да се вклучува или исклучува е опасна и мора да се
однесе на поправка.
c. Извлечете го приклучокот од дозната и/или отстранете ја акумулаторската
батерија пред да правите прилагодување на уредот, менување на додатоците
или складирање на уредот. Оваа безбедносна мерка го спречува непланираното
вклучување на уредот.
d. Електричните алатки што не ги користите, чувајте ги надвор од дофат на деца.
Не дозволувајте користење на уредот од страна на лица кои не се запознаени
со начинот на работа на уредот или пак ги немаат прочитано овие упатства.
Електричните алатки се опасни кога се користат од страна на неискусни лица.
e. Внимателно негувајте го уредот. Контролирајте дали подвижните делови
на уредот функционираат беспрекорно и не закачуваат, дали се скршени
или оштетени некои делови кои што влијаат на функционирањето на
уредот. Оштетените делови сменете ги пред повторно да го користите уредот.
Многу несреќи настануваат поради лошо одржување на електричните алатки.
f. Алатките за сечење чувајте ги остри и чисти. Грижливо негуваните алатки за¬сечење
со остри рабови на сечилата помалку се блокираат и се полесни за управување.
g. Електричната алатка, додатоците, алатките за вградување и сл. користете
ги согласно овие упатства и на начин пропишан за овој специјален тип
уред. При тоа земете ги предвид работните услови и работата која треба да
ја реализирате. Користењето електрични алатки за други намени различни од
предвидената може да доведе до опасни ситуации.
h. Држете го уредот за изолираните делови на рачката кога вршите работи
кај кои алатката за вградување може да има скриени струјни врски или
сопствен мрежен кабел. Контактот со вод кој спроведува напон може под
напон да ги стави и металните делови на уредот и да доведе до електричен удар.
5. Сервисирање
a. Поправките на уредот да се вршат од страна на квалификуван стручен персонал и со
оригинални резервни делови. На тој начин се обезбедува задржување на безбедноста
на уредот.
1221224_BDA Winkelschleifer WB 550 WS.indd 108
1221224_BDA Winkelschleifer WB 550 WS.indd 108
108
02.10.20 11:11
02.10.20 11:11