Управување
Секогаш почитувајте ги сите безбедносни упатства, совети и придржувајте се
до соодветните прописи!
• При вклучување, односно исклучување држете ја машината настрана од
предметот за обработка бидејќи дискот за брусење или режење може да го
оштети предметот.
• Прицврстете го предметот за обработка или обезбедете го на некој друг начин за
да не се излизга за време на работењето.
• За време на брусењето или стружењето држете ја цврсто машината и притискајте
по агол од околу 15° врз предметот за обработка.
• Редовно контролирајте ги дисковите. Изабените дискови за брусење и режење
имаат негативно влијание врз делотворноста на машината. Навремено монтирајте
нов диск за брусење или режење.
• Кога ќе завршите со работата, прво исклучете ја машината пред да го извлечете
мрежниот приклучок.
Прекинувач за вклучување/исклучување (2)
Аголната брусилка е опремена со сигурносно копче за спречување несреќа. За да
го вклучите уредот, турнете го прекинувачот (2) нанапред и притиснете го за да се
заглави во таа положба. За исклучување на уредот, отпуштете го прекинувачот (2).
Прекинувачот ќе се издигне во првобитната положба.
1221224_BDA Winkelschleifer WB 550 WS.indd 116
1221224_BDA Winkelschleifer WB 550 WS.indd 116
116
02.10.20 11:11
02.10.20 11:11