Посебни безбедносни упатства за брусење и режење
а. Користете исклучиво додатоци за брусење наменети за вашата
електрична алатка и заштитна хауба предвидена за тие додатоци за
брусење.
Додатоците за брусење што не се предвидени за таа електрична алатка не може
доволно да се заштитат и истите не се безбедни за употреба.
б. Дисковите за брусење мораат да се монтираат така што нивната површина
за брусење нема да излегува надвор од рамнината на заштитниот раб.
Неправилно монтиран диск за брусење, кој излегува надвор од рамнината на
заштитниот раб, не може соодветно да се заштити.
в. Заштитната хауба мора да биде поставена безбедно на електричната
алатка за да се осигури најголема безбедност, така што само најмалиот
дел на додатокот за брусење ќе продира. Заштитната хауба го штити лицето
што ракува со алатката од фрагменти, ненамерен контакт со алатката за
брусење, како и од искри коишто може да ја потпалат облеката.
г.
Додатокот за брусење смее да се користи само за неговата предвидена
употреба. На пример: никогаш не брусете со страничната површина на
дискот за режење. Дисковите за режење се наменети за отстранување на
материјал со работ на дискот. Страничното влијание на силите врз додатокот за
брусење може да го скршат истиот.
д. Секогаш користете неоштетени прирабници со соодветна големина
и форма за избраниот диск за брусење. Соодветните прирабници го
потпираат дискот за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста од кршење
на дискот за брусење. Прирабниците за дисковите за режење може да се
разликуваат од прирабниците за други дискови за брусење.
ѓ.
Не користете изабени дискови за брусење од поголеми електрични алатки.
Дисковите за брусење за поголеми електрични алатки не се соодветни за
поголемиот број на вртежи кај помалите електрични алатки и може да се скршат.
Други посебни безбедносни упатства за режење:
а. Избегнувајте блокирање на дискот за режење или преголем притисок
при режењето. Не изведувајте премногу длабоки засеци.
Преоптоварувањето на дискот за режење го зголемува неговото напрегање
и склоноста кон заглавување или блокирање, а со тоа и можноста за повратен
удар или кршење на дискот.
б. Избегнувајте ја областа пред и зад ротирачкиот диск за режење.
Кога дискот за режење се оддалечува од предметот за обработка, во случај на
повратен удар електричната алатка заедно со ротирачкиот диск може да се
придвижи директно кон вас.
в. Ако дискот за режење се заглави или ако вие го прекинете работењето,
исклучете го уредот и почекајте дискот да престане да се врти. Никогаш
не обидувајте се да го извлечете сè уште ротирачкиот диск за режење од
засекот, бидејќи може да следува повратен удар.
1221224_BDA Winkelschleifer WB 550 WS.indd 112
1221224_BDA Winkelschleifer WB 550 WS.indd 112
112
02.10.20 11:11
02.10.20 11:11