вградување, вие и лицата во близина треба да стоите настрана од областа
на ротирачката вградена алатка и да го оставите уредот да работи една
минута со максималниот број вртежи.
Оштетените алатки за вградување најчесто се кршат за време на овој тест.
е. Користете сопствена заштитна опрема. Во зависност од видот на употреба
на алатката користете целосна заштита за лице, заштита за очи или
заштитни очила. Ако има потреба, носете маска против прашина, заштита
за уши, заштитни ракавици или специјална престилка коишто ве штитат
од ослободените честички за време на брусењето и од материјалот.
Очите треба да бидат заштитени од страни тела кои може да излетаат при
различните видови употреба на уредот. Заштитните маски против прашина
мора да ја филтрираат прашината која се појавува при користењето на алатката.
Ако долго време сте изложени на голема бучава, можно е да ви се оштети слухот.
ж. Внимавајте другите лица да бидат на одредена сигурна оддалеченост
од вашето работно место. Секој којшто ќе пристапи во вашата работна
околина мора да носи сопствена заштитна опрема.
Скршените парчиња од предметот што го обработувате или скршените алатки
за вградување може да излетаат и да предизвикаат повреди и надвор од
директната работа околина.
з.
Држете ја електричната алатка само за изолираните делови на рачката
кога вршите работи кај кои алатката за вградување може да дојде во
контакт со скриени струјни врски или сопствениот електричен кабел.
Контактот со врска која спроведува напон може да ги стави под напон металните
делови на уредот и да доведе до електричен удар.
ѕ.
Држете го мрежниот кабел настрана од подвижните алатки за вградување.
Ако ја изгубите контролата врз уредот, мрежниот кабел може да се пресече
или зафати од алатката и да ја повлече вашата дланка или рака кон подвижните
алатки за вградување.
и. Никогаш не одложувајте ја електричната алатка пред алатките за
вградување целосно да се престанат да се вртат.
Алатката за вградување што се врти може да дојде во допир со површината
на која што сакате да ја поставите и на тој начин да ја изгубите контролата врз
електричната алатка.
ј.
Електричната алатка не смее да биде вклучена додека ја носите.
Вашата облека може случајно да биде зафатена од подвижната алатка за
вградување и алатката за вградување може да ве повреди.
к. Редовно чистете ги отворите за вентилација на вашата електрична алатка.
Вентилаторот на моторот влече прашина во куќиштето и ако се насобере голема
количина на метална прашина, може да предизвика електрична опасност.
л. Не користете ја електричната алатка во близина на запаливи материјали.
Искрите може да ги запалат таквите материјали.
љ. Не користете електрични алатки на кои им се потребни течни средства за
ладење.
Користењето вода или други течни средства за ладење може да доведе до
електричен удар.
1221224_BDA Winkelschleifer WB 550 WS.indd 110
1221224_BDA Winkelschleifer WB 550 WS.indd 110
110
02.10.20 11:11
02.10.20 11:11