Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

GGP ITALY EP 434 Bersetzung Der Originalbetriebsanleitung Seite 39

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 26
MK
УПАСТВА ЗА УПОТРЕБА
Прочитајте ги соодветните упатства за употреба за моторот и
батеријата (ако е предвидено).
1. ЗАВРШНА МОНТАЖА
ЗАБЕЛЕШКА - Машината може да се доставува со некои веќе
поставени делови.
ВНИМАНИЕ – потпирањето и целата монтажа треба да се
извршат на цврста и рамна површина со доволно простор за
поместување на машината и на амбалажата користејќи
секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во согласност
со важечките локални закони.
1.1a
Тип "I"
Внесете го во отвотите на шасијата долниот дел на рачката (1) и
фиксирајте го со завртки (2) и со соодветни мутери од опремата.
Монтирајте го горниот дел од ракофатот (3) со приложените
завртки, внимавајќи на правилна позиција на спиралата (5) на
кабелот за стартување.
Каблите на командите фиксирајте ги на рачката со стегите (6).
1.1b
Тип "II"
Вметнете ги во соодветните отвори задните делови на десната (1)
и левата (2) страна на рачката и фиксирајте ги со шрафови и
мутери (3) што се доставуваат во пакувањето. Ставете ги двете
капачиња (4) на краевите на двата задни дела на рачката (1) и (2).
Монтирајте го горниот дел од ракофатот (5) со приложените
завртки, внимавајќи на правилна позиција на спиралата (7) на
кабелот за стартување.
Каблите на командите фиксирајте ги на рачката со стегите (8).
1.2
Спојте ги двата странични делови (1) и (2) на магацинот, а
потоа поставете го горниот дел (3) со точно склопување на сите
надворешни профили.
1.3
Само за модели без рачка за регулација на висината на
косењето.
За фиксирање на тркалата, следете го наведеново. Фиксирајте ги
тркалата на еден од отворите предодредени за различни висини
на сечење, затворајќи ја докрај осовината (1) со клучот (2) кој ви
е даден, а потоа ставете го поклопецот (3).
2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ
2.1
Контролата на гасот (каде што ја има) е со контролен лост
(1) поставен како што е прикажано на соодветна плочка. Некои
модели имаат фиксна брзина, па според тоа не им е потребен гас
(2).
2.2
Кочницата на ножот се контролира со лостот (1), и треба
да се притисне кон ракофатот при стартување и користење на
тревокосачката. Кога лостот ќе го отпуштите, моторот запира.
2.3
Кај моделите со влечење, движењето на косачката
наназад се одвива со притискање на лостот (1) во правец на
рачката. Тревокосачката го запира движењето нанапред кога ќе
го отпуштите лостот.
2.4
Височината на косење се регулира со употреба на
лостовите (1).
Кај некои модели, отстранете го поклопецот (2) одвртете ја
осовината (3) со клучот (4) кој ви е даден; поставете ги тркалата
во отворот (5) кој соодветствува со посакуваната висина на
сечење, завртетете ја докрај осовината (3) со клучот (3). Четирите
тркала мораат да бидат на еднаква височина. ОВА РЕГУЛИРАЊЕ
ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА НОЖОТ МИРУВА.
3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА
3.1
Подигнете го дефлекторот и соодветно прицврстете го
магацинот за трева (1) како што е прикажано на сликата.
3.2
За палење на моторот, следете ги упатствата од
прирачникот на моторот и потоа повлечете го лостот на кочницата
на ножот (1) и притиснете го кон водилката, а потоа остро
повлечете го кабелот за палење (2).
3.3
Тревникот ќе изгледа поубаво ако тревата секогаш се коси
на иста височина и со наизменично менување на правецот на
косење.
3.4
Кога ќе завршите со косењето, отпуштете ја рачката на
кочницата (1) и исклучете го кабелот од свеќичката (2). Пред да
започнете со било какви работи на косачката ПОЧЕКАЈТЕ
НОЖОТ ПОТПОЛНО ДА ЗАПРЕ.
4. РУТИНСКО ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО - Регуларното и грижливо чување е неопходно за да
се сочуваат степенот на сигурност и оригиналноста на
тревокосачката.
Тревокосачката одлагајте ја на суво место.
1) Треба да се носат цврсти ракавици за работа пред секое
чистење, чување или регулирање на тревокосачката.
2) Внимателно мијте ја тревокосачката со вода по секое сечење:
отстранете ги остатоците од кал и тревки наталожени во
внатрешноста на шасијата за да избегнете исушување на
истите кои можат да предизвикаат потешкотии во наредното
користење.
3) Во случај да треба да се пристапи до долната страна,
наведнете ја тревокосачката само на страната наведена во
прирачникот за моторот, следејќи ги наведените инструкции.
4) Да се одбегнува истурање на бензин врз пластичните делови
од моторот или на машината, за да се одбегне нивно
оштетување и веднаш да се исчисти секаква трага од
евентуално истурениот бензин. Г аранцијата не ги покрива
штетите на пластичните делови, предизвикани од бензин.
4.1
Секоја интервенција врз ножевите мора да се извршува во
специјализиран сервис каде има посоодветна опрема.
За оваа машина се предвидени ножеви кои го носат знакот:
81004341/3
Ножевите треба секогаш да се обележани со знакот
развојот на производот, горенаведените сечива треба со време
да се заменат со други со соодветни карактеристики за замена и
функционална безбедност.
Поставете го сечивото одново (2) со знакот и обележувањето
свртени кон теренот следејќи го посочениот редослед на сликата.
Зашрафете ја централната навртка (1) со динамометричен клуч
со калибрација од 35-40 Nm.
5. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува
релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист
на граѓанските погодности и на просторот во кој живееме.
– Избегнувајте постоење на елементи на нарушување во
непосредното опкружување.
– Следете ги точно локалните закони за фрлање на
материјалите кои ќе се резултат на сечењето.
– Доследно следете ги локалните закони за фрлање на
амбалажата, маслата, бензинот, акумулаторот, филтрите,
делови во распаѓање или какви било елементи со штетно
влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смее да се
фрлаат во ѓубре туку треба да се селектираат и однесат во
соодветни собирни центри кои рециклираат материјали.
– При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде
било во природата, туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
Ако имате било какви недоумици или проблеми, немојте да се
двоумите да контактирате со најб-лискиот Сервисен Центар или
Продажен пункт.
. Заради
37

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Ep 434-tr

Inhaltsverzeichnis