Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

GGP ITALY D 310 Gebrauchsanweisung Seite 32

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 18
MK
ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
СТРОГО ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО ОВИЕ ПРАВИЛА
ВНИМАНИЕ! При употреба на машината придржувајте се на
правилата за безбедност. За ваша и туга сигурност,
прочитајте ги упатствата пред употреба на машината.
Зачувајте ги упатствата при секоја наредна употреба.
А) ОБУКА
1) Внимателно прочитајте го упатството. Запознајте се со
командите и правилното користење на косачката. Научете како
брзо да го сопрете моторот.
2) Користете ја косачката за потреба само за она за што е
наменета, т.е. за косење трева. Секоја друга употреба може да е
опасна и да предизвика оштетување на машината или повреда
на лица.
3) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или
опасноста по други лица или нивниот имот.
В) ПОДГОТОВКА
1) Кога косите, секогаш носете долги пантолони и издржливи
обувки. Немојте да работите со тревокосачката босоноги или
во отворени сандали.
2) Носете заштитни очила.
3) Никогаш не дозволувајте деца или лица кои не ги познаваат
овие упатства да ја употребуваат косачката.
Можно е да постојат локални законски прописи во поглед на
возраста на корисникот.
4) Никогаш немојте да ја користите тревокосачката:
- кога во нејзина непосредна близина се наоѓаат други лица, деца
или домашни животни и миленици;
- ако корисникот е под дејство на лекарства или други супстанции
кои можат да влијаат на неговата способност за брзо реагирање
и концентрација.
5) Внимателно прегледајте ја површината каде ќе ја употребите
тревокосачката и отстранете ги сите објекти кои таа би можела
да ги исфрли (камења, стапчиња, колчиња, парчиња жица, коски,
итн.).
6) Пред да започнете со косење, секогаш визуелно прегледајте ја
косачката, посебно острите елементи, и проверете дали сите
завртрки и целиот склоп на ножот е неоштетен или истрошен.
7) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Влагата и електричната струја не
се компатибилни:
- ракувањето со каблите и нивното приклучување треба да се
направи на суво;
- никогаш не дозволувајте контакт на електричниот приклучок
или кабелот со влага (барички или влажна трева);
- поврзувањето меѓу каблите и приклучокот мора да е
водоотпорно. Користете продолжен кабел со интегрален
приклучок кој може комерцијално да се набави.
- Приклучете го апаратот на наизменична струја (RCD) со напон
кој не е поголем од 30 мА.
8) Каблите за приклучк мора да се со квалитет не помал од типот
H05RN-F или H05VV-F со минимална секција од 1,5 мм2 и
најголема дозволена должина од 25м.
9) Прицврстете го кабелот за напојување на држачот-водилка.
10) Трајното приклучување на било кој електричен уред на
куќната електрична инсталација мора да се изведе од страна на
квалифукуван електричар, до согласност со важечките правила.
Неправилната изведба на поврзувањето може да биде причина
за сериозни повреди или смрт.
С) КОРИСТЕЊЕ
1) Косете само дење или при добро вештачко осветление.
2) Избегнувајте употреба на косачката на влажна трева или при
дождливо време.
3) Никогаш немојте да преминувате со тревокосачката преку
кабелот за напојување. Кога косите, кабелот треба секогаш да
се влече зад тревокосачката и да се оддалечува од делот кој
веќе е покосен. Користете го држачот-водилка за кабелот на
30
начинот кој е веќе опишан во овој прирачник за да се избегне
случајно и несакано откачување на кабелот. Проверете дали
кабелот е соодветно приклучен и изб егнувајте приклучување во
мрежната приклучница со прекумерно притискање.
4) Никогаш немојте да ја влечете тревокосачката за кабелот или
да го повлекувате кабелот за да ја исклучите од мрежата.
Немојте да го изложувате кабелот на извори на топлина и не
дозволувајте да доаѓа во допир со масла, разреудачи или остри
предмети.
5) Внимателно движете со по косини.
6) Не трчај, оди.
7) При менување на насоката и правецот на движење на косини
бидете посебно внимателни.
8) Кога косачката треба да ја навалите за да ја пренесете преку
површина која не е под трева, или додека ја носите до
површината која треба да се коси, запрете го моторот.
9) Не вклучувајте ја машината ако деловите се оштетени или не
се склопени.
10) Моторот стартувајте го според упатствата и осигурете се
дека нозете се на сигурна оддалеченост од острите елементи.
11) Не ја искосувајте косачката додека работи моторот, освен
ако е неопходно при негово стартување. Во овој случај, не ја
наведнувајте повеќе од она што е неопходно потребно за да се
подигне само делот што е далеку од операторот. Бидете сигурни
дека секогаш ги држите двете раце во функционална положба
пред повторно да ја исправите косачката.
12) Држете ги рацете и нозете подалеку од острите делови,
посебно кога се вклучува моторот.
13) Никогаш немојте да ја кревате или носите косачката ако
моторот работи.
14) Запрете го моторот и исклучете го кабелот за напојување
од електричната мрежа:
- под подлогата за сечење пред било каков интервент;
- по удар во непознат предмет. Проверете дали тревокосачката
е оштетна и поправете ја пред да продолжите со работа;
- ако косачката почне да вибрира невообичаено силно веднаш
проверете ја косачката и отстранете ја причината за вибрациите;
- кога ја оставате тревокосачката без надзор;
- кога ја транспортирате опремата.
15) Запрете го моторот:
- пред регулирање на височината на косење.
16) Кога косите, држете се на безбедно растојание од кружните
остри елементи. Тоа растојание е должината на ракофатот за
водење на тревокосачката.
D) ОДРЖУВАЊЕ И ОДЛАГАЊЕ
1) После употреба одстранете го кабелот ха напојување и
контролирајте дека нема оштетени делови.
2) Одстранете го кабелот за напојување пред секоја
контрола, чистење или интервенти на машината и секогаш
кога истата не се употребува.
3) Кога не е во употреба, положете ја машината подалеку од
деца.
4) За да го намалите ризикот од пожар, одржувајте ја
тревокосачката, посебно моторот, чист и без остатоци од трева,
лисје или масни наслојки. Во просторијата немојте да чувате
контејнери со отпадоци.
5) Периодично проверувајте ги електричните кабли и
заменете ги ако се оштетени или ако изолацијата им е
оштетена. Никогаш немојте да допирате кабел со лоша
изолација ако е приклучен во електричната мрежа. Пред да
превземете било што, исклучете го кабелот од мрежната
приклучница.
6) Не користете делови и прибори неснабдени или препорачани
од происведувачот.
7) Не употребувај метални остри елементи.
8) Машината треба да биде поправена само кај авторисирани
поправувачи.
9) После промената на острите елементи, понесете ја машината
до својата позиција за работа пред да ја вклучите.
10) Кога го вадите или склопувате острите елементи, носете
груби работни ракавици.
11) Заради безбедност, немојте да ја употребувате
тревокосачката ако каблите се во лоша состојба или некои
делови се оштетени. Таквите делови се заменуваат - не се
поправаат.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis