4. КОРИСТЕЊЕ
Упатства за користење
•
Проверете дали чкрапецот се движи
слободно.
•
Проверете дали е подмачкан алатот пред
да го поврзете со компримиран воздух.
•
Проверете дали е правилно приклучено
цревото.
•
Поставете го притисокот во рамките на
дозволениот работен притисок.
•
Во моментот на стартување на алатот
прстот само да ви е поставен врз
чкрапецот.
Вклучување и исклучување
•
За вклучување на алатот, притиснете го
чкрапецот (1).
•
За исклучување на алатот, отпуштете го
чкрапецот (1).
Стегање и отстегање на навојни врски
Сл. A, C и D
•
Поставете соодветен насад.
•
Изберете насока на ротација.
•
Поставете го алатот врз навојниот спој.
•
Вклучете го алатот.
•
Ако е потребно, дотерајте ја ударната сила.
5. ОДРЖУВАЊЕ
Одржување
Машината не треба дополнително да се
одржува. Редовно проверувајте го алатот од
можни оштетувања.
Подмачкување
Сл. G
Пневматските алатки често треба да се
подмачкуваат.
•
Монтирајте го садот за масло помеѓу
алатот и цревото за воздух.
•
Ако не е поставен садот за масло, капнете
неколку капки масло во спојката за црево,
пред да почнете да ракувате.
70
Подмачкување на ударниот механизам
Сл. G
Ударниот механизам мора да се подмачкува
дневно.
•
Отстранете ја завртката (12) од грлото за
полнење со масло (13).
•
Ставете неколку капки масло во
механизмот.
•
Заменете ја завртката и стегнете ја.
Откази
Ако се случи отказ, нпр. поради трошење на
дел, обратете се на адресата на сервисот
од гарантната картичка. На позадината на
упатствово ќе најдете експозиционен преглед
со прикажани делови кои можат да се
нарачаат.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
За да се спречи оштетување за време на
транспортот, уредот се испорачува во тврдо
пакување кое се состои од материјал за
еднократна употреба. Затоа ве молиме да
ги користите опциите за рециклирање на
амбалажата.
ГАРАНЦИЈА
Гарантните условите се дадени во посебна
гарантна картичка.
Производот и упатството се предмет на
промена. Карактеристиките можат да се
променат без натамошно известување.