MK
Валидиран начин на обработка
Користете само опрема за чистење и дезинфекција (ОЧД) која
ги исполнува барањата на ISO 15883 за машинска обработка.
Чистење со машина:
Претходно чистење
со ладна вода од чешма 2 минути
Чистење
со вода од чешма на 45 °C во времетраење од 5 минути
и neodisher
Плакнење
со деминерализирана Ладна вода
Дезинфекција
со деминерал. Вода на 90 °C
Претходно сушење
во ОЧД
на 110 °C во траење од 20 минути
Конечно сушење:
Конечното сушење на сензорите за проток е апсолутно
неопходно!
• Отстранете го сензорот за проток од ОЧД и истресете ја
преостанатата влага од сензорот
(внимавајте! Не исклучувајте го сензорот за проток).
• Исушете го на крајот сензорот за проток во кабинет за
сушење. Препорачано време на престој 30 минути на 85 °C
120
MediZyme (Dr. Weigert) 0,5%
во траење од 5 мин.
Стерилизација (алтернатива на дезинфекција):
• Почитувајте го DIN EN ISO 17665 како основно барање.
• Стерилизирајте го сензорот за проток со пареа (по
потреба) во автоклав, на пр., ≥ 134 °C во траење од 5 до 18
минути.
Проверете:
• Внимателно проверете ги површините на сензорот за
проток за чистота и оштетувања.
• Ако е видливо оштетен, фрлете го сензорот за проток.
Пакување за чување/складирање:
• Спакувајте го сензорот за проток поединечно во
хартија/фолија или еквивалентно пакување со соодветна
големина според DIN EN ISO 11607-1:2006 во поврзаност
со DIN EN 868.
• Не користете пакување за стерилни производи за пакување
на дезинфицирани производи.
(Вообичаено, без оглед на видот на стерилизација,
пакувањето се состои од механичко заштитно пакување и,
доколку е потребно, надворешно пакување)
LM Flowsensor Neo reusable 0217011v01 ─ Упатство за употреба