MK
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Производот се испорачува необработен. По употреба на
пациентот, производот може да е контаминиран.
Ризик од инфекција!
• Обработете го производот со потврдени процедури пред
првата употреба и по секоја употреба.
• Усогласете се со националните и институционалните
прописи за хигиена и обработка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Кај обработениот производ може да се појават знаци на
абење, на пример, пукнатини, изобличување, обезбојување.
Ризик од инфекција!
• Внимавајте на упатствата на производителот на
средството за чистење, за дезинфекција и на уредите за
обработка.
• По секоја обработка, проверувајте го производот за знаци
на абење и заменете го ако е потребно.
• Фрлете го сензорот за проток најдоцна по 1 година или по
52 циклуси на обработка по употребата на пациент.
118
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Измени на производот.
Опасност за повредување на пациентот!
• Каква било измена на сензорот за проток е забранета.
СОВЕТ
• Почитувајте го упатството за употреба на вентилаторот.
• Одговорната организација има одговорност да утврди
компатибилност на вентилаторот со сите други делови што
се користат за негово поврзување со пациентот.
• Пред употреба, сензорот за проток мора да се калибрира
на пациентот.
• Каков било инцидент што вклучува сериозна повреда или
смрт на пациентот или можна опасност за јавното здравје
мора да се пријави кај производителот и надлежните
власти.
LM Flowsensor Neo reusable 0217011v01 ─ Упатство за употреба