Herunterladen Diese Seite drucken

Vaillant aroVAIR VA 2-015 CN Installations- Und Wartungsanleitung Seite 154

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für aroVAIR VA 2-015 CN:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 18
1
Безбедност
1.1
Предупредувања поврзани со
работата
Класификација на напомените за предуп-
редување поврзани со ракувањето
Напомените за предупредување поврзани
со ракувањето се означени со следните
ознаки и сигнални зборови во поглед на
сериозноста на можната опасност:
Ознаки за предупредување и сигнални
зборови
Опасност!
Непосредна животна опасност или
опасност од тешки повреди на ли-
ца
Опасност!
Опасност по живот поради струен
удар
Предупредување!
Опасност од лесни повреди на ли-
ца
Претпазливо!
Ризик од материјални штети или
штети за околината
1.2
Употреба согласно намената
При несоодветна и непрописна употреба
може да настане опасност по живот или
физички повреди на корисникот или трети
лица, односно да се појават пречки на уре-
дот и материјалните средства.
Производот служи за третирање на воздух
(греење и климатизирање) во внатрешни
простории во градби, коишто се користат
за живеење. Производот не е наменет за
вградување во перални.
Употреба согласно намената претставува:
– почитување на приложените упатства
за користење, инсталација и одржување
на производите на како и на сите други
компоненти на системот
– инсталација и монтажа соодветно на
одобрението за производот и системот
– придржување до правила за контрола и
одржување наведени во упатствата.
Прописната употреба исто така ја опфаќа
инсталацијата според IP-кодот.
154
Друга намена, освен онаа која е опишана
во упатствата или не е во согласност со
нив, е забранета. Исто така е забранета и
непосредната комерцијална и индустриска
употреба.
Внимание!
Забранета е секаква злоупотреба на уре-
дот.
1.3
Општи безбедносни напомени
1.3.1 Опасност од незадоволителна
квалификација
Следните задачи смее да ги извршува
само од овластено стручно лице, кое е
доволно квалификувано за тоа:
– Монтажа
– Демонтажа
– Инсталација
– Ставање во употреба
– Контрола и одржување
– Поправка
– Отстранување од употреба
▶ Постапувајте согласно со актуелната
состојба на техниката.
1.3.2 Опасност по живот поради струен
удар
Доколку ги допрете компонентите коишто
спроведуваат напон, постои опасност по
живот поради струен удар.
Пред да извршите интервенции на уредот:
▶ Исклучете го производот, така што ќе ги
исклучите сите полови за напојувања со
струја (електричен разделник со најмал-
ку 3 mm контактен отвор, на пр. осигуру-
вач или заштитен прекинувач).
▶ Обезбедете го од повторно вклучување.
▶ Проверете дали има напон.
1.3.3 Опасност
од изгореници или попарување
поради жешките компоненти
▶ Интервенирајте на компонентите, само
доколку се оладени.
Упатство за инсталација и одржување 0020298212_04

Werbung

loading