Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch DWZ0XX0J0 Montageanleitung Seite 26

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ‒ Опасност од
задушување!
Децата може да го ставаат материјалот од
пакувањето преку глава или да се обвиткаат со
него и да се задушат.
Материјалот од пакувањето држете го подалеку
од деца.
Не ги оставајте децата да си играат со
материјалот за пакување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ‒ Опасност од струен
удар!
Компонентите со остри рабови во уредот можат
да го оштетат приклучниот кабел.
Не го превиткувајте или приклештувајте
приклучниот кабел.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ‒ Опасност од повреда!
Составените делови во уредот може да бидат со
остри рабови.
Носете заштитни ракавици.
Филтерот за миризба останува долго време
жежок по регенерирањето.
Не го допирајте филтерот за миризба веднаш
по регенерирањето туку оставете да се олади.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ‒ Опасност од пожар!
Филтер за миризби што не може да се
регенерира може да се запали во рерна.
Регенерирајте само филтри за миризби што се
регенерираат.
ВНИМАНИЕ!
Ако испадне филтер за миризби што се
регенерира, тој може да се оштети. Оштетувањата
не се секогаш видливи однадвор.
Отстранете го и заменете го паднатиот филтер
за миризби што се регенерира.
Општи напомени
Внимателно прочитајте го ова упатство.
¡
Чувајте го упатството и информациите
¡
за производот за подоцнежна употреба
или за следните сопственици.
Само со стручна монтажа согласно
¡
упатството за монтажа е загарантирана
безбедноста при употреба на уредот.
Инсталатерот е одговорен за
беспрекорно функционирање на
местото на поставување.
Ова упатство се однесува за монтерите
¡
на специјалната опрема.
Само лиценцирано стручно лице смее
¡
да го приклучи уредот.
Пред работење на каква било работа,
¡
исклучете го напојувањето.
Обем на испорака
По отпакувањето проверете ги сите делови дали
имаат оштетувања од транспортот и дали е
целосна испораката.
→ Сл.
1
Циркулациониот модул може да се монтира или
на аспираторот или на ѕидот.
→ Сл.
2
Проверка на ѕид
Осигурајте се, дека околу издупчените отвори
1.
нема струјни кабли, гасни цевки или цевки за
вода.
26
Проверете го ѕидот дали е вертикален и
2.
доволно издржлив.
Издупчете со длабочина на дупката според
3.
должината на завртките.
Типлите мора цврсто да држат.
Забелешка: Приложените завртки и типли се
4.
прилагодени за масивни ѕидови. За други
конструкции користете соодветен материјал
прицврстување, на пр, ригипс, порбетон,
поротон-цигли.
Користете ги приложените завртки и типли.
Подготвување на циркулациониот
модул
За да ја прицврстите закачалката на
1.
циркулациониот модул, малку притиснете ја
закачалката и вметнете ја во отворите
предвидени за тоа.
→ Сл.
3
Прицврстете го отворот за вентилација на
2.
циркулациониот модул.
→ Сл.
4
Монтирање на циркулациониот модул
на кутијата на вентилаторот
Забелешка: Позицијата на циркулациониот модул
секогаш се однесува на горниот раб на маската
на каминот.
Прицврстете го циркулациониот модул на
1.
аспираторот.
→ Сл.
5
Вметнете го филтерот за миризби и фиксирајте
2.
ја закачалката. За таа цел, притиснете го
јазичето на закачалката малку навнатре.
Проверете дали закачалката е фиксирана.
→ Сл.
6
Спроведете го струјниот кабел низ
3.
предвидениот отвор.
Не го превиткувајте струјниот кабел.
Воспоставете струјна врска.
4.
Поставете ја надворешната маска на каминот
5.
на уредот. Малку одвојте ги страничните
лимови на маската на каминот, закачете ги зад
циркулациониот модул и притиснете ги еден со
друг.
→ Сл.
7
Прицврстете ја надворешната маска на каминот
6.
со две завртки одоздола на уредот.
Монтирање на циркулационен модул на
ѕидот
Забелешка: Позицијата на циркулациониот модул
секогаш се однесува на горниот раб на маската
на каминот.
Монтирајте го циркулациониот модул на ѕидот.
1.
Поставете ги цевките.
Измерете ја позицијата на аголниот држач и
означете.
Дупчете ги дупките со дијаметар од 8 mm и
длабочина на дупчење од 60 mm.
Типлите вметнете ги рамно на ѕидот.
Навртете го аголниот држач до 5 mm,
закачете го циркулациониот модул и
затегнете ги завртките цврсто со раката.
→ Сл.
8
Вметнете го филтерот за миризби и фиксирајте
2.
ја закачалката. За таа цел, притиснете го
јазичето на закачалката малку навнатре.
Проверете дали закачалката е фиксирана.
→ Сл.
9

Werbung

loading