Herunterladen Diese Seite drucken

Panasonic WH-WDG05LE5 Installationsanleitung Seite 254

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für WH-WDG05LE5:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 71
2-4. Противпожарен апарат
• Ако треба да се изврши работа на опремата за разладување или на нејзините делови, треба да имате при рака соодветна противпожарна опрема.
• Чувајте сув прашок или противпожарен апарат со CO
2-5. Да нема извори на запалување
• Ниту едно лице што извршува работа во врска со разладниот систем не треба да користи запаливи извори на начин на кој може да доведе до ризик
од пожар или експлозија. Не смее да се пуши кога се извршува таква работа.
• Сите можни извори на запалување, вклучително пушење цигари, треба да се чуваат на доволна оддалеченост од местото на инсталација, поправка,
отстранување и исфрлање за кое време запаливото разладно средство може да се испушти во околината.
• Пред да се работи, просторот околу опремата треба да се испита за да се погрижите дека нема запаливи гасови или ризици за запалување.
• Треба да се прикачи знак „Забрането пушење".
2-6. Проветрување на просторот
• Погрижете се просторот да е отворен или да е соодветно проветруван пред да работите на системот или да извршувате каква било работа со
топлина.
• Треба да одржувате одреден степен на проветрување за време извршувањето на работата.
• Проветрувањето треба безбедно да го одведува испуштеното разладно средство и по можност да го одведува во атмосферата.
2-7. Проверки на опремата за разладување
• Ако вршите промена на електричните компоненти, треба да проверите дали се соодветни за намената и за точната спецификација.
• Во секое време треба да ги следите упатствата за одржување и сервисирање на производителот.
• Ако се сомневате, консултирајте се со техничкиот оддел на производителот за помош.
• Следните проверки треба да се применат на инсталациите со запаливи разладни средства.
- Вентилацијата и излезите на воздух функционираат соодветно и не се попречени.
- Ако се користи индиректен разладен круг, секундарниот круг треба да се проверува дали има разладно средство.
- Ознаките на опремата треба да бидат видливи и читливи. Ознаките и знаците што се нечитливи треба да се коригираат.
- Разладната цевка или компонентите треба да се инсталираат во позиција каде што не постои веројатност дека ќе бидат изложени на каква било
супстанца која може да ги кородира компонентите што содржат разладно средство, освен ако компонентите се конструирани од материјали кои
инхерентно се отпорни на корозија или се соодветно заштитени од кородирање.
2-8. Проверки на електричните уреди
• Поправките и одржувањето на електричните компоненти треба да ги вклучуваат првичните безбедносни проверки и процедури за проверка на
компонентите.
• Првичните безбедносни проверки треба да вклучуваат, но да не бидат ограничени на проверки дали:
- Кондензаторите се испразнети: празнењето треба да се изврши на безбеден начин за да се избегне можност за искрење.
- Дека нема електрични компоненти под напон и жици што се изложени при полнењето, отстранувањето или прочистувањето на системот.
- заземјувањето има прекин.
• Во секое време треба да ги следите упатствата за одржување и сервисирање на производителот.
• Ако се сомневате, консултирајте се со техничкиот оддел на производителот за помош.
• Ако има дефект кој може да ја наруши безбедноста, тогаш не треба да се поврзува електричното напојување додека не се отстрани дефектот.
• Ако дефектот не може да се коригира веднаш, треба да се користи соодветно привремено решение.
• Сопственикот на опремата мора да биде информиран за сите страни да се информирани.
3. Поправки на запечатените компоненти
• За време на поправките на запечатените компоненти, електричното напојување треба да се исклучи од опремата на која се работи отстранувањето
на капацитет итн.
• Ако е апсолутно потребно да се има електрично напојување за време на сервисирањето, тогаш треба да се постави траен начин на откривање
протекувања на најкритичната точка за да се добијат предупредувања за потенцијално опасните ситуации.
• Особено треба да се обрне внимание на следново за да се загарантира дека со работата на електричните компоненти куќиштето нема да претрпи
измени со кои ќе се загрози заштитата. Тоа вклучува оштетување на каблите, прекумерен број на поврзувања, терминали што не се направени според
оригиналните спецификации, оштетувања на заптивките, неправилни фитинзи итн.
• Погрижете се апаратот да е монтиран безбедно.
• Проверете дали заптивките или заптивните материјали се со добар квалитет и дека можат да спречат создавање запаливи атмосфери.
• Резервните делови треба да бидат во согласност со спецификациите на производителот.
ЗАБЕЛЕШКА: користењето силиконска заптивка може да ја намали ефективноста на одредени типови на опрема за откривање протекувања.
4. Поправка на интринзично безбедните компоненти
• Не применувајте трајни индуктивни или кондензаторски оптоварувања на кругот без да се осигурите дека нема да се надминат напонот и струјата
дозволени за користење на опремата.
• Интринзично безбедните компоненти се единствените на кои може да се работи додека има напон во запаливата атмосфера.
• Апаратот за тестирање треба да биде со правилни спецификации.
• Заменувајте ги компонентите само со делови наведени од производителот. Ненаведените делови од производителот може да резултираат со запалување
на разладното средство во атмосферата поради протекување.
5. Кабли
• Проверете дали каблите се подложни на абење, корозија, прекумерен притисок, вибрации, остри рабови или други несакани ефекти на средината.
• Проверката треба да ги земе предвид и ефектите од стареењето и постојаните вибрации од извори, како компресори или вентилатори.
6. Откривање запаливи разладни средства
• Во ниту еден случај потенцијален извор на запалување не треба да се користи за барање или откривање протекувања на разладно средство.
• Халиден пламен (или кој било детектор кој користи пламен) не треба да се користи.
4
Интринзично безбедните компоненти не треба да се изолираат пред да се работи на нив.
веднаш до местото каде што вршите полнење.
2

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Wh-wdg07le5Wh-wdg09le5