Herunterladen Diese Seite drucken

Panasonic WH-WDG05LE5 Installationsanleitung Seite 253

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für WH-WDG05LE5:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 71
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ РАЗЛАДНО СРЕДСТВО R290
• внимавајте многу на следниве точки:
Мешањето различни разладни средства во системот е забрането.
Работата, одржувањето, поправките и отстранувањето на разладното средство треба да ги изведува обучен и сертифициран персонал за користење запаливи
разладни средства и според препораките од производителот. Кој било персонал што работи на, го сервисира или го одржува системот или поврзаните делови на
опремата, треба да биде обучен и сертифициран.
Кој било дел од разладниот круг (испарувачи, разладувачи на воздух, AHU, кондензатори или приматели на течност) или цевките не треба да се наоѓаат во
близина на извори на топлина, отворен пламен, апарат што работи на гас или електричен грејач.
Корисникот/сопственикот или овластено лице од него треба редовно да ги проверува алармите, механичката вентилација и детекторите барем еднаш годишно,
каде што е пропишано тоа со националните регулативи, за да се загарантира правилно функционирање.
Треба да се одржува евиденција. Резултатите од проверките треба да се евидентираат во записник.
Во случај на вентилации на простори што се користат, треба да се провери за да се потврди дека не се попречени вентилациските отвори.
Пред да се стави нов систем на разладување во употреба, лицето одговорно за ставање на системот во употреба треба да загарантира дека обучен и
сертифициран персонал добива упатства врз основа на прирачникот со упатства за конструкцијата, супервизијата, работата и одржувањето на системот за
разладување, како и врз основа на безбедносните мерки што треба да се следат и својствата и упатствата за ракување со разладното средство што се користи.
Генералните барања за обучениот и сертифициран персонал се наведени подолу:
a)
познавање на законите, регулативите и стандардите во врска со запаливи разладни средства;
b)
детални познавања и вештини за ракување со запаливи разладни средства, лична заштитна опрема, спречување на протекување на разладно средство,
ракување со цилиндри, полнење, откривање на протекувања, отстранување и исфрлање;
c)
да може да ги разбере и примени во пракса барањата во националните закони, регулативи и стандарди;
d)
постојано да посетува редовна и дополнителна обука за да ја одржува својата стручност.
Заштитните уреди, кругот за разладување и фитинзите треба да бидат добро заштитени од овие несакани ефекти (како опасност од собирање вода и
замрзнување во испусните цевки или акумулација на нечистотии и отпадоци).
1. Инсталација (простор)
• Мора да постои усогласеност со националните регулативи за гас, државните правила и легислативата. Известете ги релевантните власти во согласност со
применливите регулативи.
• Мора да се загарантира дека механичките врски се пристапни заради одржување.
• Во случаи кога е потребна механичка вентилација, вентилациските отвори треба да бидат непопречени.
• Кога се исфрла производот, следете ги мерките на претпазливост во #12 и усогласете се со националните регулативи.
• Секогаш контактирајте ги локалните општински служби за правилно ракување со отпад.
2. Сервисирање
2-1. Сервисен персонал
• Кое било квалификувано лице кое е вклучено во работата на разладниот круг треба да има тековен важечки сертификат од надлежно тело акредитирано во
индустријата со кој е овластен да ракува со разладни средства на безбеден начин и во согласност со спецификациите на индустријата.
• Сервисирањето ќе се изведува само како што е препорачано од производителот на опремата. Одржувањето и поправките за кои е потребна помош од друг
вешт персонал ќе се изведуваат под надзор на лицето компетентно за користење запаливи разладни средства.
• Сервисирањето ќе се изведува само според препораките од производителот на опремата.
• Системот се проверува, редовно се надгледува и се одржува од страна на обучен сертифициран сервисен персонал којшто е ангажиран од корисникот или
одговорното лице.
• Погрижете се разладното средство да не протекува.
2-2. Работа
• Пред да започнете со работа на системите што содржат запаливи разладни средства, треба да извршите безбедносна проверка за да се загарантира дека
ризикот од запалување е минимизиран.
За поправки на системот за разладување, мерките на претпазливост во #2-2 до #2-8 мора да се следат пред работењето на системот.
• Работата ќе се изведува под контролирана процедура за да се минимизира ризикот од присуство на запалив гас или испарување додека се извршува
работата.
• Сиот персонал за одржување и другите што работат во близина треба да добијат упатство и да бидат надгледувани во поглед на работата што ја
извршуваат.
• Избегнувајте да работите во тесни простори. Секогаш бидете подалеку од изворот, барем 2 метри безбедно растојание или оградете слободен простор од
барем 2 метри во радиус.
• Носете соодветна заштитна опрема, вклучително респираторна заштита според условите.
• Чувајте ги сите извори на запалување и површини на жежок метал подалеку.
2-3. Проверка дали има разладно средство
• Просторот треба да се провери со соодветен детектор на разладно средство пред и за време на работат за да се осигури техничарот дека нема
потенцијално запалива атмосфера.
• Погрижете се опремата за откривање протекување што се користи да е соодветна за користење со запаливи разладни средства, односно да не создава
искри, да е соодветно запечатена или да е интринзично безбедна.
• Во случај на протекување, веднаш проветрете ја просторијата и останете на провев и подалеку од протекувањето/претекувањето.
• Во случај на протекување, известете ги лицата во насоката на струење на воздухот дека се случило протекување, изолирајте го веднаш опасниот простор и
држете го неовластениот персонал подалеку.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕТПАЗЛИВО
3

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Wh-wdg07le5Wh-wdg09le5