Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Panasonic WH-UDZ03KE5-Serie Installationshandbuch Seite 157

Luft/wasser|wärmepumpen|außengerät
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 34
Работа на инсталацијата.
Може да се потребни двајца или повеќе лица за да се изврши инсталацијата. Тежината на надворешната единица може да предизвика повреди ако се извршува од едно лице.
Одржувајте ги вентилациските отвори непопречени.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ РАЗЛАДНО СРЕДСТВО R32
Основната процедура за инсталација е истата како за конвенционален модел со разладно средство (R410A, R22).
Меѓутоа, внимавајте многу на следниве точки.
Со оглед дека работниот притисок е повисок од тој на моделите со R22, некои од цевките, инсталацијата и сервисните алатки се специјални.
Особено кога го заменувате моделот со разладно средство R22 со нов модел со средство R32, секогаш заменувајте ги конвенционалните цевки и
навртки со цевки и навртки за R32 и R410A на надворешната единица.
За R32 и R410A, може да се користи истата навртка на надворешната единица и цевката.
Мешањето на различните разладни средство во системот е забрането. Моделите што користат разладно средство R32 и R410A имаат различен
дијаметар на навојната порта за полнење за да се спречи полнење по грешка со разладно средство R22 и заради безбедност.
Според тоа, проверете однапред. [Дијаметарот на навојната порта за полнење за R32 и R410A е 12,7 mm (1/2 инч).]
Внимавајте да не навлезе страна материја (масло, вода итн.) во цевките.
Исто така, кога ги складирате цевките, безбедно запечатете го отворот со притискање, зачепување итн. (Ракувањето со R32 е слично како со R410A.)
Работата, одржувањето, поправките и отстранувањето на разладното средство треба да ги изведува обучен и сертифициран персонал за користење
запаливи разладни средства и според препораките од производителот. Кој било персонал што работи на, го сервисира или го одржува системот или
поврзаните делови на опремата, треба да биде обучен и сертифициран.
Кој било дел од разладниот круг (испарувачи, разладувачи на воздух, AHU, кондензатори или приматели на течност) или цевките не треба да се наоѓаат
во близина на извори на топлина, отворен пламен, апарат што работи на гас или електричен грејач.
Корисникот/сопственикот или овластено лице од него треба редовно да ги проверува алармите, механичката вентилација и детекторите барем еднаш
годишно, каде што е пропишано тоа со националните регулативи, за да се загарантира правилно функционирање.
Треба да се одржува евиденција. Резултатите од проверките треба да се евидентираат во записник.
Во случај на вентилации на простори што се користат, треба да се провери за да се потврди дека не се попречени вентилациските отвори.
Пред да се стави нов систем на разладување во употреба, лицето одговорно за ставање на системот во употреба треба да загарантира дека обучен и
сертифициран персонал добива упатства врз основа на прирачникот со упатства за конструкцијата, супервизијата, работата и одржувањето на системот за
разладување, како и врз основа на безбедносните мерки што треба да се следат и својствата и упатствата за ракување со разладното средство што се користи.
Генералните барања за обучениот и сертифициран персонал се наведени подолу:
a) Познавање на законите, регулативите и стандардите во врска со запаливи разладни средства;
b)  Д етални познавања и вештини за ракување со запаливи разладни средства, лична заштитна опрема, спречување на протекување на разладно
средство, ракување со цилиндри, полнење, откривање на протекувања, отстранување и исфрлање;
c) Да може да ги разбере и примени во пракса барањата во националните закони, регулативи и стандарди;
d) Постојано да посетува редовна и дополнителна обука за да ја одржува својата стручност.
Цевките на грејната пумпа „Воздух кон вода" во просторот што се користи треба да се инсталираат така што ќе бидат заштитени од ненамерно
оштетување при работа и сервисирање.
Треба да се преземат мерки на претпазливост за да се избегне прекумерна вибрација или пулсирање на цевките за разладување.
Заштитните уреди, цевките за разладување и фитинзите треба да бидат добро заштитени од овие несакани ефекти (како опасност од собирање вода и
замрзнување во испусните цевки или акумулација на нечистотии и отпадоци).
Продолжувањето и кратењето на долгите делови на цевките во разладните системи треба да се дизајнираат и инсталираат безбедно (монтирани и
заштитени) за да се намали веројатноста за оштетување на системот поради хидрауличен шок.
Системот на разладување треба да биде заштитен од несакано пукање на цевките поради преместување мебел или реконструкција.
За да се загарантира дека нема протекување, спојките за разладување треба да се тестираат дали се заптивни. Начинот на тестирање треба да има
чувствителност од 5 грама годишно разладно средство или подобро под притисок од барем 0,25 пати од максимално дозволивиот притисок (>1,04 MPa,
макс. 4,15 MPa). Не треба да има протекување.
1. Инсталација (Простор)
Мора да се загарантира дека цевководот при инсталација ќе биде сведен на минимум. Избегнувајте да користите вдлабната цевка и не
дозволувајте преголемо свиткување.
Погрижете се цевководот да е заштитен од физички оштетувања.
Мора да постои усогласеност со националните регулативи за гас, државните правила и легислативата. Известете ги релевантните власти во
согласност со применливите регулативи.
Мора да се загарантира дека механичките врски се пристапни заради одржување.
Во случаи кога е потребна механичка вентилација, вентилациските отвори треба да бидат непопречени.
Кога се исфрла производот, следете ги мерките на претпазливост во #12 и усогласете се со националните регулативи.
Во случај на полнење на терен, ефектот врз полнењето разладно средство предизвикан од различните должини на цевки треба да се
квантифицира, измери и означи.
Секогаш контактирајте ги локалните општински служби за правилно ракување со отпад.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕТПАЗЛИВО
3

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis