Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 10 S Professional Originalbetriebsanleitung Seite 271

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 10 S Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
OBJ_BUCH-1126-004.book Page 271 Thursday, November 27, 2014 6:23 PM
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 44.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
осцилаторната заштитна хауба!
– Поставете ја стезната прирабница 43, подлошката 42
и шестаголниот шраф 41.
Притиснете ја блокадата на вретеното 40 додека не се
вклопи и затегнете го шестаголниот шраф 41 со
испорачаниот прстенест клуч 35 (вртежен момент на
затегање. 20 Nm).
– Притиснете на лостот за блокада 4 и водете ја
осцилаторната заштитна хауба 8 повторно надолу.
– Повторно затегнете ги завртките 39 и 38.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика E)
Транспортниот осигурувач 33 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 6 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 33.
– Повлечете го транспортниот осигурувач 33 сосема
нанадвор и свртете го за 90°. Оставете го транспортниот
осигурувач да се вклопи во оваа позиција.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат (позиција за
транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање 26, доколку
истата е затегната. Извлечете го кракот на алатот
целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Завртете го граничникот за длабочина 51 целосно
нагоре (види „Подесување на граничникот за
длабочина", страна 273).
– За фиксирање на масата за пила 17 затегнете го
копчето за фиксирање 13.
– Повлечете го транспортниот осигурувач 33 сосема
нанадвор и свртете го за 90°. Оставете го транспортниот
осигурувач да се вклопи во оваа позиција.
– Притиснете на лостот за блокада 4 и истовремено
навалете го кракот на алатот на рачката 6 надолу додека
транспортниот осигурувач не се вклопи во крајната
позиција.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за
транспорт.
Bosch Power Tools
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата (види слика F)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
– Олабавете ги двата инбус шрафа 19 со испорачаниот
внатрешен шестаголен клуч 30.
– Извлечете го продолжетокот на масата за пила 21 до
крај и повторно зацврстете ги инбус шрафовите.
Монтирање на продолжетокот на држачот
(види слика G)
Кон дополнителниот продолжеток на масата за пила може
да монтирате и продолжеток на држачот од левата и
десната страна на електричниот апарат.
– Ставете го должинскиот граничник 52 на
продолжетокот на држачот 45.
– Ставете го продолжетокот на држачот 45 на двете
страни од електричниот апарат до крај во соодветните
отвори 20.
– Прицврстете го завртките заради заштита на
продолжетокот на држачот.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика H)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува спроти
граничната водилка 9.
– Вметнете ја столарската стега 22 во отворите
предвидени за таа намена 29.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 46 и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
прачката со навој 47 .
Подесување на закосениот агол
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување",
страна 275).
 Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање 13
пред сечењето. Инаку листот на пилата може да се
заглави во делот што се обработува.
Македонски | 271
1 609 92A 0XJ | (27.11.14)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis