Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

AEG PS216L3 Originalbetriebsanleitung Seite 179

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 43
Избегнувајте прегревање на сечилото и топење на пластичното
парче за обработка при сечење.
Ок клучно значење е да се остане до максимално
специфицираната брзина на сечилото. Користете само листови
за пила коишто се означени со брзина еднаква или поголема од
брзината означена на алатот.
Заменете го вметокот во масата доколку е изабен или оштетен.
Пред работа, направете едно пробно сечење без да е вклучен
моторот, за да може да се провери положбата на ножот,
функционирањето на штитниците во однос на другите делови
од машината и работното парче.
При спојувањето на цевките под прав агол, под наклон или
комбинирани агли под прав агол, подесете ја лизгачката
ограда, за да обезбедите правилно минување на ножот.
Избегнувајте неконтролирано испуштање на пилата од
најдолната позиција.
Граничната дршка треба секогаш да биде активирана кога го
транспортирате производот.
Одржувајте го подот чист од остатоци на материјал, на пример
струготини или остатоци од пилење.
Не отстранувајте остатоци од пилење или други делови од
обработуваните предмети во подрачјето на пилење кога
машината работи и кога главата за пилење не е во положба на
мирување.
Долгите парчиња мораат да бидат соодветно потпирани.
Работниот простор на пилата ја опфаќа целата должина на
парчето за обработка. Операторот треба да го обезбеди овој
простор од ненамерен контакт од други лица или објекти
кои може да го придвижат парчето за обработка за време на
работа.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да
биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Немојте да ги заменувате LED светилките или ласерот со
поинаков тип. Било кои поправки мора да ги прави само
производителот или овластен сервисен агент.
Кратковремени вршни напони предизвикуваат осцилирање на
напонот и можат да извршат влијание врз други електрични
производи во истиот струен вод. Приклучете го апаратот на
снабдевање со струја со импеданца од 0,3 Ω за да минимирате
осцилирања на напонот. Контактирајте го Вашиот снабдевач со
енергија за понатамошни информации.
УПА С ВО ЗА УПО РЕБА ЛАСЕРСКИ
Ласерското зрачење кое се користи во оваа пила е од Класа II
со максимум P≤1mW и λ: 650nm бранова должина. Немојте да
гледате директно во оптичките инструменти. Непочитувањето
на овие правила може да доведе до сериозни повреди.
Немојте да зјапате во зракот во текот на работењето.
Немојте да им го проектирате ласерскиот зрак директно во очите
на другите. Може да дојде до сериозна повреда на очите.
Ласерот немојте да го ставате во положба која може да наведе
некого несакајќи или несвесно да гледа во ласерскиот зрак.
Немојте да користите оптички алатки за да гледате во ласерскиот
зрак.
Немојте да работите со ласерскиот зрак во близина на деца или,
пак, да им дозволувате на децата да го чепкаат ласерот.
Немојте да се обидувате самите да го поправате ласерскиот уред.
Немојте да се обидувате самите да менувате било какви делови
од ласерот.
Било кои поправки мора да ги прави само производителот или
овластен сервисен агент.
Не ги променувајте инсталираната ласер со различен тип.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПО РЕБА
Кружната лизгачка пила е наменета за сечење на тврдо
и пресувано дрво со или без лепен фурнир, пластика и
материјали слични на дрво.
Кружната лизгачка пила е наменета да ја користат само
возрасни оператори кои го прочитале прирачникот за
користење и ги разбрале ризиците и опасностите.
Кружната лизгачка пила е наменета со основата да биде
прицврстена за цврста работна маса. Доколку основата не е
безбедно прицврстена, целата машина може да се движи за
време операциите за сечење, кое ја зголемува веројатноста од
сериозна повреда.
Кружната лизгачка пила е наменета да прави коси и аголни
сечења. Капацитетите за различни сечења се дадени во
спецификациите на производот во овој прирачник.
Кружната лизгачка пила треба да се користи во суви услови, со
одлично осветление и адекатна вентилација.
Кружната лизгачка пила е наменета за потрошувачи и треба да
се користи само во склад со гореопишаното, и не е наменета за
никаква друга цел.
ОС А ОЧНИ ОПАСНОС И
Дури и кога кружната лизгачка пила се користи како што е
пропишано, сè уште не е можно целосно да се елиминираат
извесни преостанати фактори на ризик. Може да се појават
следните ризици и операторот треба да обрне посебно
внимание да го избегне следното:
• Ризикот од контакт со непокриени делови на ротирачкиот
нож на пилата.
• Повратен удар на обработуваните парчиња или делови oд
обработуваните парчиња поради неисправно штелување
или ракување.
• Исфрлање на запци од тврд метал од ножот на пилата.
• Оштетување на респираторниот систем.
ЗАБЕЛЕШКА: Носете маска за заштита на респираторниот
систем, која содржи филтери соодветни на материјалите кои се
обработуваат.
Погрижете се да има адекватна вентилација на работното
место. Немојте да јадете, да пиете или да пушите во работниот
простор.
Оштетување на слухот доколку не се носи заштита за ушите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Правот од некои бои, премази и материјали може
да предизвика иритација или алергиски реакции на
респираторниот систем. Правот од дрво како на пр. од даб,
бука, медијапан и други се канцерогени.Со материјалите кои
содржат азбест секогаш треба да работат само квалификувани
специјалисти-оператори.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Од долготрајната употреба на алатот може да се предизвикаат
повреди или да се влошат истите. Ако го користите некој алат
подолго време правете редовни паузи.
Македонски
175
175
Mak

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis