Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GST 10,8 V-LI Originalbetriebsanleitung Seite 160

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-1994-001.book Page 160 Tuesday, October 1, 2013 2:18 PM
160 | Македонски
При агол на закосување од 0° забецот се наоѓа во
односниот отвор.
Олабавете го шрафот со 24 внатрешен шестаголен клуч
29 додека основната плоча 9 не се вметне во правец на
батеријата 1. Запците треба да се лизгаат во водечкиот
жлеб.
За подесување на аголот на закосување навалете ја
основната плоча 9 соодветно на скалата 25 во саканата
позиција. Со помош на агломер, секој агол може да се
подеси до 45°.
Повторно зацврстете го шрафот 24 .
Млазниците за вшмукување 20 и заштитата од кинење 22
не се користат при сечење со закосување.
Ставање во употреба
Вадење на батеријата (види слика K)
За да ја извадите батеријата 1 притиснете на копчињата за
отворање 2 и извлечете ја батеријата надолу од
електричниот уред. Притоа не употребувајте сила.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот апарат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 нанапред.
За Исклучување на електричниот апарат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
„0".
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Контрола на бројот на удари
Со копчето за подесување на бројот на удари 4 може да го
изберете бројот на удари и да го промените за време на
работата.
Потребниот број на удари е зависен од материјалот и
работните услови и може да се утврди со практичен обид.
Се препорачува намалување на бројот на удари кога
листот за пила ќе го поставите на делот што се обработува
како и при сечење на пластика и алуминиум.
При долготрајна работа со мал број на удари електричниот
апарат може да се вжешти. Извадете го листот за пила и
оставете го електричниот апарат да се олади околу 3 мин.
така што ќе го оставите вклучен на максимален број удари.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на температура
за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се
исклучува електричниот уред. При намален број на
вртежи, електричниот апарат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го електричниот уред.
1 619 P11 351 | (1.10.13)
Приказ за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување
Црвениот LED-приказ 6 ви помага да ја заштитите
батеријата од прегревање и моторот од преоптоварување.
Доколку LED-приказот свети 6 непрекинато црвено,
температурата на батеријата е превисока и електричниот
апарат автоматски се исклучува.
– Исклучете го електричниот апарат.
– Оставете ја батеријата да се олади, пред да продолжите
со работата.
Доколку LED-приказот трепка 6 црвено, електричниот
апарат е блокиран и автоматски се исклучува.
Извлечете го електричниот апарат од делот што се
обработува.
Штом се отстрани блокадата, електричниот апарат
продолжува да работи со поставениот број на удари.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
Вклучување на LED-работно светло
Со копчето 3 може да го вклучите LED-работното светло.
По правило, работното светло е исклучено.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува неконтроли-
раното вклучување на електричниот апарат по прекин на
струја. Доколку се активира заштитата од рестартирање,
приказот за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување 6 трепка непрекинато.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување 7 ставете го во положба Исклучено и одново
вклучете го електричниот апарат.
Напомена: При брзо исклучување и вклучување може да
дојде до тоа, да се активира заштитата од рестартирање и
електричниот апарат да не стартува со работа и покрај
активираниот прекинувач за вклучување/исклучување 7.
Прекинувачот за вклучување/исклучување 7 ставете го во
положба Исклучено и одново вклучете го електричниот
апарат.
Совети при работењето
 При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш
користете стабилна подлога.
Заштита од допир
Заштитата од допир 19 на куќиштето го спречува
невнимателното допирање на листот на пилата за време
на работниот процес и не смее да се вади.
Работ вдлабнат нанадвор над хаубата за вшмукување 16
го спречува лизгањето на дланката во полето на сечење.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis