Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita MM4 EW1050H Betriebsanleitung Seite 254

Benzinmotorpumpe
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 23
НАПОМЕНА:
• Ако пропушта воздух, нема да може да ја повлекува
водата.
ВНИМАНИЕ:
• Не вадете го филтерот бидејќи пумпата може да се
оштети од страно тело.
Проверете дали ременот на цревото е добро
прицврстен.
ПРОВЕРКИ ПРЕД РАБОТА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Секогаш гасете го моторот пред да работите на
опремата. Секогаш работете на рамна и стабилна
површина.
• Проверете дали на опремата има лабави шрафови
или лабави спојки меѓу деловите пред да го
стартувате моторот.
• Избегнувајте да ги допирате моторот и издувниот
лонец со кој било дел од вашето тело или облека за
време на проверка или поправка додека се уште
жешки.
• Обрнете посебно внимание на вентилацијата.
Бидете свесни за опасноста од труење со СО
(јаглероден моноксид).
ПРОВЕРКА И ПОЛНЕЊЕ НА МОТОРНО МАСЛО
(Сл. 4)
Кога ќе се излади моторот, спроведете ја следната
постапка.
– Проверете дали моторот е во хоризонтална
позиција.
– Не вметнувајте го мерачот за масло во полначот
за масло за да го проверите нивото на масло.
– Проверете дали нивото на масло е меѓу горниот
или долниот лимит на мерачот за масло.
– Доколку нивото за масло е под долниот лимит,
додајте масло.
– Маслото треба да го надополнувате приближно на
секои 10 работни часови (на секои 10 полнења со
гориво).
– Ако маслото ја промени бојата или се измеша со
нечистотија, заменете го.
Препорачани
масла:
Класификација АPI, Класа SF или повисока (масло за
4-тактни автомобилски мотори)
Волумен на масло:
За моделот EW1050H: Прибл. 0,08 л
За моделот EW1060H: Прибл. 0,1 л
НАПОМЕНА:
• Доколку моторот не е поставен хоризонтално, може
неправилно да го измерите нивото на моторно
масло и да го преполните. Полнењето масло над
горниот лимит може да предизвика контаминација
на маслото или бел чад.
Полнење моторно масло
1. Одржувајте го моторот во хоризонтална позиција и
извадете го мерачот за масло.
2. Наполнете масло до ознаката за горниот лимит.
Користете шише за масло за време на полнењето.
3. Добро прицврстете го мерачот за масло. Ако не е
добро прицврстен, може да дојде до излевање на
маслото.
После полнење масло
– Истуреното масло веднаш исчистете го со крпа.
254
SAE
10W-30
масло
Замена на масло: Мерач за масло
– Исчистете ја прашината или нечистотијата околу
отворот за полнење масло.
– Мерачот за масло чувајте го чист без песок или
прашина. Во спротивно, песокот или прашината
што се нафатени на капакот за масло може да
предизвикаат
маслото или да ги изабат деловите на моторот.
ГОРИВО
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Горивото е високо запаливо и отровно. Чувајте го
настрана од отворен пламен (цигари, шпорет,
огномет), електрични искри (батерии, краток спој,
искри од краток спој, искри од заварување итн.) кога
ракувате со горивото.
• Изгаснете го моторот пред да полните гориво. Не
полнете гориво кога моторот е уште загреан.
• Покрај ситуациите кога полните гориво, бидете исто
така многу внимателни и кога префрлате гориво во
помал контејнер.
• После полнењето, добро прицврстете го капакот на
резервоарот за гориво и целосно избришете го
излеаното гориво.
Ракување со гориво
Кога ракувате со гориво треба да бидете крајно
внимателни. Горивото може да содржи супстанции
слични на растворувачи. Полнењето мора да се
извршува во доволно проветрена просторија или на
отворено. Никогаш не вдишувајте ги испарувањата од
горивото и држете го понастрана од вас. Доколку
често го допирате горивото или сте изложени на него
подолг временски период, кожата може да ви се
исуши, што пак може да предизвика заболување на
кожата или алергија. Ако ви влезе гориво во очите,
измијте ги очите со чиста и свежа вода. Ако очите и
понатаму ви се иритирани, консултирајте се со
доктор.
Период на чување на гориво
Не користете гориво кое е постаро од 4 седмици,
дури и кога е чувано во специјален канистер на добро
проветрено и студено место.
Во спротивно, горивото може да се расипе и за само
еден ден.
со
Чување на машината и полнење на резервоарот
– Чувајте ги машината и резервоарот на ладно
место, кое не е изложено на директна сончева
светлина.
– Никогаш не чувајте гориво во автомобил.
Вид на гориво:
Моторот е 4-тактен. Треба да користите безоловен
бензин за автомобили со 87 октани или повеќе
((R+M)/2). Не смее да содржи повеќе од 10% алкохол
(Е-10).
– Никогаш не користете мешавина на бензин која
содржи моторно масло. Во спротивно, тоа може да
предизвика прекумерна акумулација на јаглерод
или механички проблеми.
Капацитет на резервоар за гориво:
За моделот EW1050H: 0,5 л
За моделот EW1060H: 0,65 л
Полнење гориво (Сл. 5)
1. Држете го моторот во хоризонтална позиција.
2. Одвртете го малку капакот на резервоарот за да
излезе притисокот од него.
неправилно
циркулирање
на

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis

Fehlerbehebung

loading

Diese Anleitung auch für:

Mm4 ew1060hMm4 ew1060hxMm4 ew1050hx

Inhaltsverzeichnis