Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

EINHELL BG-PM 51 M-SE Originalbetriebsanleitung Seite 57

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Anleitung_BG_PM_51_M_SE_SPK4:_
7.2 Одржување
7.2.1 Осовини и главини на тркалата
Треба да бидат лесно подмачкани со маст еднаш
во сезоната. За таа цел извадете ги раткапните
со шрафцигер и одвртете ги навртките за
прицврстување на тркалата.
7.2.2 Нож
Од безбедносни причини дозволете вашиот нож
да биде острен, мазнет и монтиран само од
авторизирана специјализирана работилница. За
да постигнете оптимален резултат при работата,
се препорачува да се врши проверка на ножот
еднаш во годината.
Замена на ножот (сл. 9)
При замена на алатот за сечење смеат да се
употребуваат само оригинални резервни делови.
Ознаката на ножот мора да се совпаѓа со бројот
наведен во листата на резервни делови. Никогаш
не монтирајте друг нож.
Оштетени ножеви
Доколку и покрај внимателноста ножот дојде во
контакт со некоја пречка, веднаш исклучете го
моторот и извадете го утикачот на свеќицата.
Наклонете ја косилката странично и проверете го
ножот по однос на оштетувања. Оштетени или
свиткани ножеви мора да бидат заменети.
Никогаш не исправајте свиткан нож. Не работете
никогаш со свиткан или сосем искористен нож,
тоа предизвикува вибрации и може да има за
последица други оштетувања по косилката.
Внимание: При работа со оштетен нож постои
опасност од повреди.
Накнадно мазнење на ножот
Сечилата на ножот можат да бидат накнадно
изострени со метална турпија. За да се избегне
дисбаланс, мазнењето треба да биде извршено
само од страна на авторизирана специјализирана
работилница.
7.2.3 Контрола на состојбата со масло
Внимание: Никогаш не оставајте го моторот без
воопшто или со премногу малку масло. Тоа може
да предизвика тешки штети по моторот.
Употребувајте само моторно масло 10W30.
Контрола на состојбата со масло:
Нагодувајте ја косилката на рамна, права
површина. Одвртете ја мерната прачка за масло
(сл. 10а/поз. 11) со вртење налево и избришете ја.
Ставете ја повторно мерната прачка до аншлаг во
штуцната за полнење, но не ја завртувајте.
27.01.2010
13:33 Uhr
Seite 57
Извлечете ја мерната прачка и отчитајте ја
состојбата со масло во хоризонтална позиција.
Состојбата со масло мора да се наоѓа помеѓу min
и max од мерната прачна за масло (сл. 10b).
Замена на масло
Замената на моторно масло треба да се врши
годишно, пред почетокот на сезоната
(дополнително кон информациите од сервисната
книшка Бензин) на мотор со работна
температура.
Употребувајте само моторно масло (10W30).
Поставете рамен сад за собирање масло под
косилката.
Отворете ја навртката за полнење масло (сл.
10а/поз. 11).
Отворете ја навртката за испуштање масло
(сл. 10а/поз. 12). Испуштете го топлото
моторно масло во сад за собирање.
По целосно истекување на старото масло
повторно затворете ја навртката за
испуштање масло.
Наполнете моторно масло до горното
маркирање од мерната прачка за масло
(околу 0,6 литри).
Внимание! Не ја навртувајте мерната прачка
за масло заради контрола на состојбата со
масло, туку внесете ја до винтот.
Старото масло мора да биде отстрането
согласно важечките регулативи.
7.2.4 Одржување и нагодување на сајлите за
влечење
Намастувајте ги почесто сајлите и проверувајте ги
по однос на лесна подвижност.
7.2.5 Одржување на филтерот за воздух (сл.
11а-11c)
Нечистите филтри за воздух ја намалуваат
моќноста на моторот како последица на премногу
малиот довод на воздух кон карбураторот. Затоа
е неизбежно да се врши редовна контрола.
Филтерот за воздух треба да биде контролиран
на секои 25 работни часа и, по потреба, да биде
исчистен. Во случај на мошне прашлив воздух
потребно е да се врши почеста проверка на
филтрите за воздух
Внимание: Никогаш не чистете филтри за воздух
со бензин или запаливи разредувачи. Филтрите
за воздух чистете ги само со воздух под притисок
или со истресување.
7.2.6 Одржување на свеќицата
Проверете ја свеќицата за првпат по 10 работни
часа по однос на нечистотии и, по потреба,
исчистете ја со четка од бакарна жица. Потоа
MK
57

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis