Herunterladen Diese Seite drucken

Насочена Контрола; Специјални Функции - Carrier 42QHC009DS Serie Bedienungshandbuch

Wall mounted air conditioner
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 42QHC009DS Serie:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 72
РАКУВАЊЕ
2.4 Насочена контрола
Прилагодување на вертикалниот проток на воздух
● Притиснете го копчето „AIR DIRECTION" на далечинскиот управувач за да се намести насоката
на струење. Позицијата на перката се придвижува малку секојпат кога копчето ќе се притисне.
● Притиснете на копчето „SWING" за да се вклучи континуирано движење на перката.
Забелешка: Ве молиме погледнете во ПРИРАЧНИКОТ ЗА ДАЛЕЧИНСКИОТ УПРАВУВАЧ за детали
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не се обидувајте да го направите ова прилагодување додека машината е
во функција.
Случаен контакт со вентилатор може да предизвика сериозни повреди.
Прилагодување на хоризонталниот проток на воздух
Чекор 1
ИСКЛУЧЕТЕ го уредот преку ГЛАВНИОТ прекинувач (или исклучете од струја).
Чекор 2
Повлечете ја хоризонталната перка надолу со користење на двете раце.
Чекор 3
Идентификувајте го/ги лостот/вите како што е наведено.
[На горниот дел од излезот на воздухот
и поврзано со вградените вертикални ножеви].
Чекор 4
Поместете ја рачката/ите лево или десно за насочување на воздухот во саканата насока.
Чекор 5
НАПОЈУВАЈТЕ го уредот на ГЛАВНИОТ прекинувач! (или вклучете го назад)
Внимание: Изолирањето на главното напојување со струја ја синхронизира хоризонталната перка.
Позиција
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
на перката
Максимално најдолу
Во режим COOLING или DRY може да се формира
кондензација и да капе од уредот при состојба
на висока влажност.
Тесен отвор
Ограничениот проток на воздух ја намалува
изведбата и може да предизвика кондензација.
Затворено
Не го вклучувајте ако не може да се отвори - може
да се случи штета.
Работа на перката
По брзо рестартирање, перката можеби
ќе остане неподвижна околу 10 секунди.
9
Лост
Функции (Во зависност од моделот)
■ Автоматско вртење на хоризонталното струење на
воздухот
Притискајте го копчето „SWING" две секунди
за да започне вртењето на вертикалните перки.
Забелешка: Ве молиме погледнете во ПРИРАЧНИКОТ
НА ДАЛЕЧИНСКИОТ УПРАВУВАЧ за детали
■ Меморија на перката
Аголот на хоризонталната перка е запаметен и ќе се врати
на последната позиција избрана од корисникот.
Ова нема да се случи во режимот TURBO, при работење
со копчињата за рачна контрола или по прекин
на напојувањето.
2.5 Специјални функции
Одложување на компресорот
При вклучување, времето на задоцнување од 3 ~ 4 минути
го штити компресорот.
Автоматско одмрзнување
Во режимот на греење, се развива мраз на надворешната
единица. За одмрзнување на мразот, внатрешниот
вентилатор се запира на неколку минути пред
да продолжи греењето.
Превенција од студен провев
За да се избегне непријатен провев во режим на греење,
внатрешната единица се предзагрева пред да стартува
вентилаторот. Ова одложување би требало да трае
само неколку минути.
Автоматско рестартирање
Уредот автоматски ќе се рестартира по прекинот
на струјата.
Сите претходни поставки на корисникот ќе се обноват.
Автоматско откривање на истекување
Кога ќе се забележи истекување на фреонот, уредот
ќе прикаже „ЕС" код или LED диоди што светкаат
[во зависност од моделот].
Превенција од мувла*
Оваа функција го држи внатрешниот вентилатор да работи
со мала брзина за 7 ~ 10 минути откако е исклучен
од страна на корисникот во режим на ладење.
Сушењето на капките вода на внатрешниот разменувач
на топлина спречува раст на мувла.
Прекинувањето на овој процес може да ја измеша
логиката на контролите.
За да го повратите овој процес, накратко исклучете
го снабдувањето со електрична енергија.
WIFI контрола*
Со функцијата WIFI, уредот може да се контролира
или преку далечински управувач или преку мобилниот
телефон. Поврзете го модулот WIFI и модулот
за комуникација со таблата на екранот
за да ја активирате функцијата.
Прочистување на воздухот*
Јонизатор*
На воздухот му се додаваат негативни јони за да се
симулира ефектот на шумите и водопадите врз луѓето.
Плазма*
Честичките од прашина во струењето на воздухот
кој поминува се полнат електрично. Ова го зголемува
собирањето прашина, намалувањето на мирисот
и ја намалува смртноста од бактерии во воздухот.
Самочистење*
Бактериите од воздухот се развиваат секогаш кога
има влага на внатрешниот разменувач на топлина.
Редовното сушење на разменувачот го спречува растот
на бактериите. Со едноставно притискање на копчето
„самочистење", управувачот автоматски ќе го води
процесот.
Турбо
Функцијата Turbo/PTC овозможува уредот да работи
повеќе за да ја достигне поставената температура
во најкраток можен рок.
[*] Во зависност од моделот.
10

Werbung

loading