Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GML 50 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 209

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GML 50 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
искуство и знаење. Овој радио-полнач може да го
користат деца над 8 години како и лица со намалени
физички, сензорни и ментални способности или
недоволно искуство и знаење, доколку се под
надзор од лица одговорни за нивната безбедност
или се подучени за безбедно ракување со радио-
полначот и ги разбираат опасностите кои може да
произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од
погрешна употреба и повреди.
 За време на користењето, чистењето и
одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се
осигурате дека децата нема да си играат со радио-
полначот.
 Полнете само Bosch литиум-јонски акумулатори со
капацитет од 1,3 Ah (од 4 акумулаторски ќелии).
Напонот на акумулаторот мора да одговара на
напонот за полнење на акумулаторот на радио-
полначот. Не полнете повторно полнливи батерии.
Инаку постои опасност од пожар и експлозија.
Држете го радио-полначот подалеку од дожд
и влага. Навлегувањето на вода во радио-
полначот го зголемува ризикот од електричен
удар.
 Полнете само литиум-јонски батерии од Bosch.
Напонот на акумулаторот мора да одговара на
напонот за полнење на акумулаторот на радио-
полначот. Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
 Одржувајте ја чистотата на радио-полначот. Доколку
се извалка, постои опасност од електричен удар.
 Пред секоја употреба проверете ги радио-полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете радио-
полначот доколку забележите оштетувања. Не го
отворајте сами радио-полначот и оставете го на
поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе
користи само оригинални резервни делови.
Оштетените радио-полначи, кабел и приклучок го
зголемуваат ризикот за електричен удар.
 Не го користете радио-полначот на лесно запалива
подлога (на пр. хартија, текстил итн.) односно во
запалива околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на радио-полначот што произлегува
при полнењето.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Bosch Power Tools
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
 Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
 Акумулаторот користете го само заедно со Вашиот
радио-полнач и/или електричен апарат од Bosch.
Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно
преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 Прочитајте ги и внимавајте на безбедносните и
работните напомени во упатството за користење на
уредите коишто ги приклучувате на радио-
полначот.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на радио-полначот и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на радио-полначот на графичката страница.
1 Звучник
2 Далечински управувач
3 Рачка за носење
4 Контролна сијаличка на приклучокот за наизменична
струја (не кај број на артикл 3 601 D29 660)
5 Поклопец на приклучокот за наизменична струја
(не кај број на артикл 3 601 D29 660)
6 Приклучница за приклучокот за наизменична струја
(не кај број на артикл 3 601 D29 660)
Македонски | 209
Прочитајте ги сите
напомени и упатства за
безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до
безбедносните напомени и
упатства може да
предизвикаат електричен
удар, пожар и/или тешки
повреди.
1 609 92A 11A | (16.3.15)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis