Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GCM 8 SJL Professional HEAVY DUTY Originalbetriebsanleitung Seite 294

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 8 SJL Professional HEAVY DUTY:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
294 | Македонски
Сечење
Секогаш затегнувајте ги копчето за фиксирање
u
(21) и затегнувачкиот лост (39) пред сечењето.
Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот
што се обработува.
Сечење без влечење (отсекување) (види слика M)
– За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (32),
доколку истата е затегната. Поместете ја рачката на
алатот до крај во правец на граничните водилки (14) и
повторно затегнете ја завртката за фиксирање (32).
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или
вертикален агол на закосување.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Вклучете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(9).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење (1)
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање (32), доколку таа е затегната.
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или
вертикален агол на закосување.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поместете го кракот на алатот од граничните водилки
(14), додека сечилото за пила не дојде пред делот што
се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(9).
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки (14) и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечете делови со еднаква должина (види слика N)
За едноставно сечење на исти делови можете да го
користите граничникот за должина (35) (опрема).
Граничникот за должина можете да го монтирате на двете
страни на продолжетокот на масата за пила (13).
– Олабавете ја завртката за блокирање (51) и
преклопете го граничникот за должина (35) над
завртката за затегање (52).
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (51).
1 609 92A 4D3 | (30.08.2018)
– Поставете го продолжетокот на масата за пила (13) на
саканата должина (види „ Продолжување на масата за
пилата (види слика B)", Страница 291).
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на
жлеб) (види слика O)
Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Свртете го граничникот за длабочина (31) кон надвор.
– Навалете ја рачката на апаратот на дршката (9) во
саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување (4), додека крајот
на завртката не го допре граничникот за длабочинa
(31).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На
линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот
што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални
држачи.
Проверка и подесување на основните
поставки
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика P1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(9).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин
што, запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

loading