Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GCM 8 SJL Professional HEAVY DUTY Originalbetriebsanleitung Seite 293

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 8 SJL Professional HEAVY DUTY:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување (види слика I)
– За ставање во употреба на електричниот алат
најпрво ставете ја блокадата при вклучување (7) на
средина и потоа притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (8) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Исклучување
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (8).
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш
по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја не работи.
Електричниот алат мора веднаш да се испрати во
сервисната служба, видете ги адресите во дел (види
„Сервисна служба и совети при користење",
Страница 296).
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
Секогаш затегнувајте ги копчето за фиксирање
u
(21) и затегнувачкиот лост (39) пред сечењето.
Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот
што се обработува.
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
u
сечилото за пила во ниеден момент нема да ја
допре граничната водилка, столарските стеги или
другите делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторниот заштитен капак може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога го водите кракот на алатот надолу, мора да ја
отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го водите
кракот на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен капак
Bosch Power Tools
мора да се затвори преку сечилото за пила и да се
фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Означување на линијата за сечење (види слика J)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на
сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може
точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате
осцилаторниот заштитен капак.
– За тоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот
(38).
– Насочете ги ознаките на делот што се обработува на
десниот раб на линијата на ласерот.
Напомена: Пред сечењето, проверете дали линијата на
сечење е точно прикажана (види „Подесување на
ласерот", Страница 294). Ласерскиот зрак може да се
помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Позиција на корисникот (види слика K)
Не се застанувајте во една линија со сечилото за
u
пила пред електричниот алат, туку секогаш
странично од сечилото. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекрстувајте дланките пред рачката на алатот.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Хоризонтален
Вертикален агол
агол на
на закосување
закосување
45° (десно/лево)
45°
45° (лево)
45°
45° (десно)
45°
Минимални делови за обработка (= сите делови што се
обработуваат, што може да се затегнат со столарска стега
(28) лево или десно од сечилото за пила): 100 x 40 mm
(должина x ширина)
макс. длабочина на резот (0°/0°): 70 mm
Менување на плочата за вметнување (види слика L)
Црвените плочи за вметнување (19) може да го истрошат
електричниот алат по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките (50) со клуч со внатрешна
шестаголна глава (4 mm) и извадете ги старите плочи
за вметнување.
– Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
– Прицврстете ја плочата за вметнување со завртките
(50) што е можно подесно, така што по целата
должина на можното повлекување на сечилото за пила
нема да дојде во контакт со плочата за вметнување.
– Повторете ги работните чекори аналогно за новата
лева плоча за вметнување.
Македонски | 293
Висина x ширина
[mm]
70 x 312
70 x 225
45 x 312
45 x 225
45 x 225
1 609 92A 4D3 | (30.08.2018)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

loading