Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GOP 55-36 Anleitung Seite 28

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GOP 55-36:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

28 |
 Не работете со електричниот апарат во околина
каде постои опасност од експлозија, каде има
запаливи течности, гас или прашина.
Електричните апарати создаваат искри, кои може да
ја запалат правта или пареата.
 Држете ги децата и другите лица подалеку за
време на користењето на електричниот апарат.
Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да
ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
 Приклучокот на електричниот апарат мора да
одговара на приклучокот во ѕидната дозна.
Приклучокот во никој случај не смее да се
менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер
заедно со заземјениот електричен апарат.
Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни
дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
 Избегнувајте физички контакт со заземјените
површини на цевки, радијатори, шпорет и
фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен
удар, доколку Вашето тело е заземјено.
 Електричните апарати држете ги подалеку од
дожд и влага. Навлегувањето на вода во
електричниот апарат го зголемува ризикот од
електричен удар.
 Не го користите кабелот за друга намена, за да го
носите електричниот апарат, за да го закачите или
да го влечете приклучокот од ѕидната дозна.
Држете го кабелот понастрана од топлина, масло,
остри рабови или подвижните компоненти на
уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува
ризикот за електричен удар.
 Доколку со електричниот апарат работите на
отворено, користете само продолжен кабел што е
погоден за користење на надворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на
отворено го намалува ризикот од електричен удар.
 Доколку користењето на електричниот апарат во
влажна околина не може да се избегне, користете
заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на заштитниот уред со диференцијална
струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
 Бидете внимателни како работите и разумно
користете го електричниот апарат. Не користете
електрични апарати, доколку сте уморни или под
влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден
момент на невнимание при употребата на
електричниот апарат може да доведе до сериозни
повреди.
 Носете заштитна опрема и секогаш носете
заштитни очила. Носењето на заштитна опрема,
како на пр.маска за прав, обувки за заштита од
лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во
зависност од видот и примената на електричниот
апарат, го намалува ризикот од повреди.
 Избегнувајте неконтролирано користење на
апаратите. Осигурете се, дека е исклучен
електричниот апарат, пред да го приклучите на
напојување со струја и/или на батерија, пред да го
земете или носите. Доколку при носењето на
апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или
сте го приклучиле уредот додека е вклучен на
напојување со струја, ова може да предизвика
несреќа.
 Извадете ги алатите за подесување или клучевите
за зашрафување, пред да го вклучите
електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во
некој од деловите на уредот што се вртат, ова може
да доведе до повреди.
 Избегнувајте абнормално држење на телото.
Застанете во сигурна положба и постојано држете
рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го
контролирате електричниот апарат во неочекувани
ситуации.
 Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и
ракавиците подалеку од подвижните делови.
Лесната облека, накитот или долгата коса може да се
зафатат од подвижните делови.
1 609 92A 18N | (29.7.15)
 Доколку треба да се инсталираат уреди за
вшмукување прав, осигурете се дека тие
правилно се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
 Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата
работа. Со соодветниот електричен апарат ќе
работите подобро и посигурно во зададениот домен
на работа.
 Не користете го електричниот апарат, доколку
има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не
може да се вклучи или исклучи, ја загрозува
безбедноста и мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите
или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот
старт на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано
овие упатства. Електричните апарати се опасни,
доколку ги користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови
функционираат беспрекорно и не се заглавени,
дали се скршени или оштетени, што може да ја
попречи функцијата на електричниот апарат.
Поправете ги оштетените делови пред
користењето на уредот. Многу несреќи својата
причина ја имаат во лошо одржуваните електрични
апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга
употреба освен наведената може да доведе до
опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за Multi-Cutter
 Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што
се вметнува може да наиде на скриени
електрични кабли или сопствениот струен кабел.
Контактот со струјниот кабел може металните делови
на уредот да ги стави под напон и да доведе до
електричен удар.
 Користете го електричниот уред само за суво
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
уред го зголемува ризикот од електричен удар.
 Внимание, постои опасност од пожар!
Избегнувајте прегревање на парчето што се
бруси и брусилката. Пред да направите пауза во
работата, секогаш испразнете го резервоарот за
прав. Правта од брусењето, микро честичките,
хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот
на вшмукувачот за прав) можат самите да се запалат
при неповолни услови, како на пр. летање на искри
при брусење на метали. Особена опасност постои,
доколку правта од брусењето се измеша со остатоци
од лак, полиретан или други хемиски материјали и
доколку парчето што се бруси се вжешти по
долготрајна работа.
 Дланките држете ги подалеку од полето на работа
со убодна пила. Не посегајте под делот што се
обработува. Доколку дојдете во контакт со
листовите за пила постои опасност од повреда.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за
да ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може
да доведе до експлозија. Навлегувањето во
водоводни цевки предизвикува оштетување или
може да предизвика електричен удар.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку го зацврстите со уред за затегнување или
менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи
поцврсто отколку со Вашата рака.
 При менувањето на алатот што се вметнува
носете заштитни ракавици. Алатот што се вметнува
се вжештува по долготрајна употреба.
 Не стругајте влажни материјали (на пр. тапети) и
не стругајте на влажна подлога. Навлегувањето на
вода во електричниот апарат го зголемува ризикот
од електричен удар.
 Површината што треба да ја обработите не ја
третирајте со течности што содржат раствор. При
стругањето доаѓа до затоплување на материјалите и
може да се создадат отровни пареи.
 Бидете особено внимателни при користењето на
сечилото. Алатот е многу остар, постои опасност од
повреда.
Употреба со соодветна намена
GOP 30-28/GOP 40-30/GOP 55-36
Електричниот апарат е наменет за сечење и
разделување на дрвени материјали, пластика, гипс,
нежелезни метали и елементи за зацврстување (на пр.
некалени клинци, хефт иглици). Исто така е погоден за
обработка на меки ѕидни плочки како и за суво брусење
и стругање на мали површини. Тој особено е погоден за
работење близу рабови и на рамни површини.
Електричниот апарат треба да се обработува исклучиво
со Bosch-опрема.
GOP 40-30
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Специјални напомени
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При менување на алатот носете заштитни
ракавици. Доколку го допирате алатот што се
вметнува, постои опасност од повреда.
 Проверете дали е стабилен алатот за вметнување.
Доколку алатот што се вметнува е погрешно или не е
сигурно зацврстен, може да се олабави за време на
работењето и да предизвика опасност.
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја,
некои видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето
на таквата прав може да предизвика алергиски
реакции и/или заболувања на дишните патишта на
корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gop 30-28Gop 40-30

Inhaltsverzeichnis