Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch 0 602 335 004 Originalbetriebsanleitung Seite 210

Hochfrequenz-winkelschleifer 0 602 335 0 serie
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 0 602 335 004:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-2482-001.book Page 210 Tuesday, July 21, 2015 4:05 PM
210 | Македонски
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 21.07.2015
Монтажа
Монтирање на заштитните уреди
Општи напомени
 Прекинете го напојувањето со енергија, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле електричниот апарат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот апарат.
 Користите само дијамански брусни плочи за
сечење. Сегментните дијамантски плочи смеат да
покажуваат негативен агол на сечење и максимален
процеп од 10 мм помеѓу сегментите.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот апарат, електричниот
апарат мора да се прати во сервисната служба, за
адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети
при користење".
 Поставете ги заштитните хауби на тој начин што ќе го
спречат летањето на искри во правец на лицето што
го користи апаратот.
Напомена: Кодираните запци на заштитните хауби
гарантираат, дека на електричниот апарат може да се
монтира само една соодветна заштитна хауба.
Заштитна хауба за сечење (види слика A)
 При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете заштитна хауба за сечење.
 За сечење на камен користете специјална хауба за
вшмукување за сечење со лизгачки водилки
(опрема).
– Отворете го затезниот лост 9.
– Ставете ја затезната хауба 6 со кодираниот заб 8 во
кодираниот жлеб на вратот на вретеното 4 се додека
сврзокот на заштитната хауба не лежи на прирабницата
на елкетричниот алат.
– Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба според
потребите на работниот процес.
– Затворете го затегнувачкиот лост 9.
1 609 92A 177 | (21.7.15)
Може да ја промените затезната сила на затворачот на
заштитната хауба 6со олабавување или затегање на
шрафот за подесување 7. Внимавајте на цврстото
лежиште на заштитната хауба 6 и редовно контролирајте
го.
Дополнителна дршка за
придушување на
вибрациите
(види слика B)
Дополнителната дршка за придушување на вибрациите
овозможува работење со мали вибрации и пријатна и
безбедна работа.
 Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 2.
– Зашрафете ја дополнителната дршка 2 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
 Не ја менувајте дополнителната дршка.
 Не ја користете оштетената дополнителна дршка.
Монтирање на брусни алати
Општи напомени
 Прекинете го напојувањето со енергија, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле електричниот апарат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот апарат.
Внимавајте на димензиите на брусните апарати.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
– Исчистете го вретеното за брусење 3 и сите делови што
треба да се монтираат.
 По монтажата на брусниот апарат, пред
вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е
точно монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Монтирање на брусната плоча (види слика C)
Користење
– Уверете се, дека е монтирана соодветната заштитна
хауба (види „Монтирање на заштитните уреди",
страна 210).
– Поставете ја приклучната прирабница 10 на вретеното
за брусење 3.
– Поставете ја соодветно на точната насока на вртење на
алатот за брусење 11 (брусна плоча) на вретеното за
брусење 3.
– Поставете го затегнувачкиот диск 13 и затезната
навртка 12 на навојното вретено.
– Зашрафете ја затезната навртка со клучот со
внатрешна шестаголна глава 20, додека со вилушкаст
клуч ќе држите на површината на клучот на вретеното
за брусење 3.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

0 602 335 034

Inhaltsverzeichnis