Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch 0 602 335 004 Originalbetriebsanleitung Seite 206

Hochfrequenz-winkelschleifer 0 602 335 0 serie
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 0 602 335 004:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-2482-001.book Page 206 Tuesday, July 21, 2015 4:05 PM
206 | Македонски
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за брусилки за сечење
со брусни плочи
 Заштитната хауба мора да се зацврсти на
електричниот апарат и на највисоко ниво на
безбедност, т. е. и најмалите делови на брусното
тело да бидат видливи за лицето што го користи
апаратот. Лицата што се наоѓаат во близина држете
ги подалеку од нивото на ротирачката брусна плоча.
Заштитната хауба треба да го заштити лицето што
ракува од скршени парчиња и случаен контакт со
брусното тело.
 Користете исклучиво зајакнати или дијамантски
обложени брусни плочи за сечење за Вашиот
електричен апарат. Не е загарантирана безбедна
употреба, само заради фактот дека приборот може да
се прицврсти на вашиот електричен апарат.
 Дозволениот број на вртежи на алатот што се
вметнува мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
 Телата за брусење смее да се користат само за
предвидените можности на примена. На пр.: не
брусете со страничната површина на брусната плоча
за сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за
сечење материјал со работ на плочата. Со странична
употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се
скршат.
 Секогаш користете неоштетена стезна прирабница
со соодветна големина на брусните плочи што сте ги
одбрале за работа. Соодветната прирабница ја држи
брусната плоча и така ја намалува опасноста од кршење
на брусната плоча.
 Не користете истрошени брусни плочи од големи
електрични апарати. Брусните плочи за големи
електрични алати не се предвидени за повисок број на
вртежи за малите електрични апарати и може да се
скршат.
1 609 92A 177 | (21.7.15)
 Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот
што се вметнува мора да одговараат на димензиите
на вашиот електричен апарат. Погрешно
димензионираните алати за вметнување не може
доволно да се заштитат или контролираат.
 Брусните плочи и прирабницата мора точно да
одговараат на вретеното за брусење на вашиот
електричен апарат. Алатите за вметнување што не
може точно да се прицврстат на вретеното за брусење
на електричниот апарат, се вртат нерамномерно,
вибрираат многу јако и може да доведат до губење на
контролата.
 Не користете оштетени брусни плочи. Пред секоја
употреба проверете ги брусните плочи дали се
искинати и со пукнатини. Доколку ви падне
електричниот апарат или брусната плоча, проверете
дали се оштетени или пак употребете неоштетена
брусна плоча. Откако сте ја провериле и ставиле
брусната плоча, не им дозволувајте на лицата да
бидат во близина на нивото на ротирачката брусна
плоча и оставете го апаратот да врти една минута на
највисок број на вртежи. Повеќето од оштетените
брусни плочи ќе се скршат во текот на овој пробен
период.
 Носете заштитна опрема. Во зависност од
употребата, носете целосна заштита за лицето,
очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете
маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни
ракавици или специјални престилки што ќе ве
заштитат од честичките настанати при брусење на
материјалот. Треба да ги заштитите очите од туѓите
тела што летаат наоколу, а се настанати од различната
употреба на уредот. Маските за заштита од прав и
заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат
правта што настанува при употребата. Доколку сте
изложени на гласна врева подолго време, може да го
изгубите слухот.
 Доколку има други лица во работното поле, држете
ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе
во работното поле, мора да носи лична заштитна
опрема. Парчињата од делот што се обработува или
скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу
и да предизвикаат повреди и надвор од директното
поле на работа.
 Држете го уредот само за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува може да наиде на скриени електрични
кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со
струјниот кабел може да ги стави под напон металните
делови на уредот и да доведе до електричен удар.
 Држете го струјниот кабел подалеку од алатите што
се вметнуваат. Доколку загубите контрола над уредот,
струјниот кабел може да се пресече или да се зафати и
да ви ја заглави дланката или раката во алатот што се
вметнува.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

0 602 335 034

Inhaltsverzeichnis