c.
Дозволениот број на вртежи на алатката за вградување мора да биде
најмалку толку голем колку и наведениот максимален број на вртежи на
електричната алатка.
Додатоците кои се вртат побрзо од дозволеното може да се скршат или да излетаат.
d.
Надворешниот дијаметар и дебелината на алатката за вградување мора
да соодветствуваат со димензиите на вашата електрична алатка.
Погрешно димензионираните алатки за вградување не може доволно да се
заштитат или контролираат.
e.
Дисковите за брусење, прирабницата, резната плоча или другите додатоци
мора да одговараат на осовината на тркалото на вашата електрична алатка.
Алатките за вградување што не одговараат на осовината на тркалото на
електричната алатка се вртат неправилно, вибрираат многу силно и може да
доведат до губење на контролата.
f.
Не користете оштетени алатки за вградување. Пред секоја употреба
проверете ги алатките за вградување, како на пример дисковите за
брусење во однос на процепи и пукнатини, резната плоча во однос на
пукнатини, абење или висок степен на искористеност, а жичените четки во
однос на разлабавени и скршени жици. Ако ви падне електричната алатка
или алатката за вградување, проверете дали е оштетена или користете
неоштетена алатка за вградување. Откако ќе направите контрола и ќе
ја пуштите во употреба алатката за монтирање, вие и лицата во близина
треба да стоите настрана од областа на ротирачката вградена алатка и
оставете го уредот една минута да работи со максималниот број на вртежи.
Оштетените алатки за вградување најчесто се кршат за време на овој тест.
g.
Користете сопствена заштитна опрема. Во зависност од видот на употреба
на алатката користете целосна заштита за лице, заштита за очи или
заштитни очила. Ако има потреба, носете маска против прашина, заштита
за уши, заштитни ракавици или специјална престилка, кои што ве штитат
од ослободените честички за време на брусењето и од материјалот.
Очите треба да бидат заштитени од страни тела кои може да излетаат при
различните видови употреба на уредот. Заштитните маски против прашина
мора да ја филтрираат прашината која се појавува при користењето на алатката.
Ако долго време сте изложени на голема бучава, можно е да ви се оштети слухот.
h.
Внимавајте другите лица да бидат на одредена сигурна оддалеченост
од вашето работно место. Секој којшто ќе пристапи во вашата работна
околина мора да носи сопствена заштитна опрема.
Скршените парчиња од предметот што го обработувате или скршените алатки
за вградување може да излетаат и да предизвикаат повреди и надвор од
директната работа околина.
i.
Држете го уредот само за изолираните делови на рачката кога вршите
работи кај кои алатката за вградување може да има скриени струјни врски
или сопствен мрежен кабел.
Контактот со врска која спроведува напон може да ги стави под напон и
металните делови на уредот и да доведе до електричен удар.
WB 217 CT neu.indd 118
118
17.12.12 09:41