d. Електричните алатки што не ги користите, чувајте ги надвор од дофат на
деца. Не дозволувајте користење на уредот од страна на лица кои не се
запознаени со начинот на работа на уредот или пак ги немаат прочитано
овие упатства. Електричните алатки се опасни кога се користат од страна на
неискусни лица.
e. Внимателно негувајте го уредот. Контролирајте дали подвижните делови
на уредот функционираат беспрекорно и не закачуваат, дали се скршени
или оштетени некои делови кои што влијаат на функционирањето на
уредот. Оштетените делови сменете ги пред повторно да го користите уредот.
Многу несреќи настануваат поради лошо одржување на електричните алатки.
f. Алатките за сечење чувајте ги остри и чисти. Грижливо негуваните алатки
за¬сечење со остри рабови на сечилата помалку се блокираат и се полесни за
управување.
g. Електричната алатка, додатоците, алатките за вградување и сл. користете
ги согласно овие упатства и на начин пропишан за овој специјален тип
уред. При тоа земете ги предвид работните услови и работата која треба да
ја реализирате. Користењето електрични алатки за други намени различни од
предвидената може да доведе до опасни ситуации.
5. Сервисирање
a. Поправките на уредот да се вршат од страна на квалификуван стручен персонал
и со оригинални резервни делови. На тој начин се обезбедува задржување на
безбедноста на уредот.
b. За електрични уреди со тип на прицврстување X, кај кои што е потребен
специјално подготвен приклучен кабел за замена на приклучниот кабел: Ако
се оштети приклучниот кабел на електричната алатка, тој мора да се замени со
специјално подготвен приклучен кабел кој што може да го добиете во службата
за услуги за потрошувачи.
Специфични безбедносни упатства
Безбедносни упатства за сите видови употреба
Заеднички безбедносни упатства за брусење, брусење со брусна хартија, работа со
жичени четки, полирање и режење:
a.
Оваа електрична алатка се користи како брусилка, брусна хартија, жичена
четка, уред за полирање и машина за режење. Почитувајте ги сите
безбедносни упатства, совети, претставувања и податоци кои што ќе ги
добиете заедно со овој уред.
Непочитувањето на долу наведените упатства може да предизвика електричен
удар, пожар и/или тешки повреди.
b.
Не користете додатоци кои што не се пропишани и препорачани од
производителот специјално за оваа електрична алатка.
Само затоа што сте успеале да го прицврстите додатокот на вашата електрична
алатка, не значи дека се гарантира сигурна употреба на уредот
WB 217 CT neu.indd 117
117
17.12.12 09:41