да биде прицврстен со помош на јажиња и
синџири.
Ф) ОКОЛИНА
•Чувањето на околината треба да биде важен
приоритет додека се користи овој уред. Треба
да се внимава на заедницата и средината во
која живееме. Додека го користите уредот,
избегнувајте да ги вознемирувате соседите.
•Почитувајте ги локалните прописи во
однос на отстранувањето на пакувањата,
маслото, горивото, филтерите, оштетените
делови и било кои други делови кои можат
да и наштетат на околината; овие отпадоци
не смеат да се отстрануваат заедно со
стандардниот домашен отпад, туку треба
да се отстрануваат посебно на места кои
се специјално наменети за рециклирање и
управување со ваков отпад.
•Строго почитувајте ги локалните прописи за
отстранување на отпадоците.
•Откако ќе го преземете уредот од
овластениот сервис, немојте да го оставите
било каде, туку однесете го во објект
со специјална намена во согласност со
локалните прописи.
ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО УРЕДОТ
А) ОПИС НА УРЕДОТ И НА НЕГОВАТА
НАМЕНА
Овој уред претставува алатка за градина,
односно косилка за трева која се управува
одејќи.
Уредот е направен од шасија на која има
тркала и рачка. Кога рачката ќе се притисне од
страна на корисникот, тркалата ги активираат
деловите од уредот за сечење кои се наоѓаат
во заштитниот дел.
Корисникот го управува уредот од задната
страна на рачката и постојано мора да биде
на безбедна оддалеченост од ротирачките
делови од уредот за сечење. Кога корисникот
ќе запре со буткањето на уредот, во исто
време престануваат со работа и деловите од
уредот за сечење.
Намена на користење
Уредот е направен за сечење (и собирање) на
трева во градините и тревниците кои според
големината одговараат на капацитетот на
уредот.
Уредот се управува од страна на
корисник кој пешачи.
Исечената трева се исфрлува и отстранува
директно на земјата.
Вреќа за собирање на тревата (по можност)
може да се користи за време на користењето
на уредот.
Вид на корисник
Уредот е направен да се користи од
различни лица, т.е. корисници кои немаат
професионално искуство, односно лица кои
немаат искуство со управување на вакви
уреди. Уредот е наменет за користење како
хоби.
Несоодветно користење на уредот
Секој друг начин на користење на уредот,
освен тој што е наведен во упатството, може
да е опасен и да предизвика повреди и/или
материјална штета. Несоодветно користење
(примери и не само ограничени на наведеното)
се:
- пренесување на луѓе, деца или животни на
уредот;
- да се качува на уредот;
- уредот да се користи за собирање на лисја
и нечистотии;
- уредот да се користи за сечење на грмушки
или друга вегетација, освен трева;
- уредот да се користи повеќе од едно лице.
Б) НАЛЕПНИЦА ЗА ИДЕНТИФИКУВАЊЕ
НА ПРОИЗВОДОТ
(погледнете ја сликата 1)
1 Име и адреса на производителот
2. Земја на производство
3. Опис на уредот
4. Име на моделот
5. Основен модел
6. Година на производство
7. Писмо за идентификација
8. Сериски број
9. ГГП код
Ц) ДЕЛОВИ НА УРЕДОТ
(погледнете ја сликата 1)
11. Тело на уредот
12. Рачка
13. Продолженија на рачките
14. Краен дел од рачката
15. Стеги за поставување на рачката
16. Пластичен тример
17. Вреќа за собирање на тревата (по
MK - 3