Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GST 12V-70 Originalbetriebsanleitung Seite 161

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GST 12V-70:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2905-001.book Page 161 Monday, July 4, 2016 2:41 PM
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на вшмукувачот за прав
(види слики C – E)
Поставете ги млазниците за вшмукување 20 во
вдлабнатините на основната плоча 9.
Цревото за вшмукување 21 (опрема) прикачете го на
млазниците за вшмукување 20. Поврзете го цревото за
вшмукување 21 со вшмукувач за прав (опрема).
Прегледот за приклучување на различни видови
вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално вшмукување, по можност поставете ја
заштитата од кинење 22.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Прикачете ја хаубата за вшмукување 16 на заштитата од
допир 19.
Заштита од кинење (види слика E)
Заштитата од кинење 22 може да спречи кинење на
горната површина при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
листови за пила и со агол на резот од 0°.
Вметнете ја заштитата од кинење 22 од напред во
основната плоча 9.
Заштитата од кинење 22 може да се прикачи и при
монтирана пластична лизгачка папуча 12.
Лизгачка папуча (види слика F)
При обработка на чувствителни површини, користете ја
пластичната лизгачка папуча 12.
За поставување на пластичната лизгачка папуча 12
поставете го предниот раб на основната плоча 9 под
клунот на пластичната лизгачка папуча 23. На крај
притиснете го електричниот апарат за да се вклопи на
пластичната лизгачка папуча 12.
Доколку ја користите пластичната лизгачка папуча 12,
заштитата од кинење 22 не ја вметнувајте во основната
плоча 9, туку во лизгачката папуча.
Bosch Power Tools
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Поставување на осцилациите
Подесливите осцилации овозможуваат оптимално
прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на
сечење на материјалот што се обработува.
Со лостот за подесување 8 може да ги подесите
осцилациите и за време на работењето.
Осцилациите се исклучени
(степен 0):
Осцилации степен I:
Осцилации степен II:
Оптималниот степен на осцилации за односната употреба
може да се одреди со практичен обид. Притоа се
применуваат следниве препораки:
– Колку помал степен на осцилации изберете одн.
доколку сосема ги исклучите осцилациите, толку
пофини и почисти ќе бидат исечените рабови.
– При обработка на тенки материјали (напр. плех)
исклучете ги осцилациите.
– Цврстите материјали (напр. челик) обработувајте ги со
мали осцилации.
– За меки материјали и при сечење на дрво во правец на
влакната, може да работите со максимални осцилации.
Подесување на закосениот агол (види слика J)
Основната плоча 9 може да се подеси за закосени резови
до 45° надесно или налево.
Извадете ги млазниците за вшмукување 20.
При агол на закосување од 0° забецот се наоѓа во
односниот отвор.
Олабавете го шрафот со 24 внатрешен шестаголен клуч
29 додека основната плоча 9 не се вметне во правец на
батеријата 1. Запците треба да се лизгаат во водечкиот
жлеб.
За подесување на аголот на закосување навалете ја
основната плоча 9 соодветно на скалата 25 во саканата
позиција. Со помош на агломер, секој агол може да се
подеси до 45°.
Повторно зацврстете го шрафот 24.
Млазниците за вшмукување 20 и заштитата од кинење 22
не се користат при сечење со закосување.
Ставање во употреба
Вадење на батеријата (види слика K)
За да ја извадите батеријата 1 притиснете на копчињата за
отворање 2 и извлечете ја батеријата надолу од
електричниот уред. Притоа не употребувајте сила.
Македонски | 161
без осцилации
мали осцилации
големи осцилации
1 609 92A 3B5 | (4.7.16)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis