Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Обем На Испорака - Bosch GCM 254 D Professional Originalbetriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Избегнувајте невнимателно вклучување на
u
електричниот алат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот алат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
За тоа внимавајте на приказот на обемот на
испорака на почетокот на упатството за
употреба.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за оплата со монтирано сечило на пилата
– Кеса за прав (46)
– Основа на делот за обработка (17) (2 парчиња)
(Не е достапно во сите верзии во зависност од
земјата.)
– Столарска стега (20)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (24)
– Аголен триаголник (62)
– Продолжеток на масата за пила (16) (2 парчиња)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
– Заради олеснување на работата, при монтажата
внимавајте на испорачаните елементи на уредот,
бидејќи електричниот алат е во транспортна позиција.
Bosch Power Tools
Монтирање на продолжетоци за масата за сечење
(види слика A1)
Кон дополнителното проширување на масата за пила
може да монтирате и продолжниот држач од левата и
десната страна на електричниот алат.
– Завртете ги сигурносните завртки (43) со крстест
одвртувач од продолжетоците на масата за пила.
– Навалете го електричниот алат.
– Турнете ги продолжетоците на масата за пила (16) на
двете страни од електричниот алат до крај во
соодветните отвори.
– За заштита од извлекување, завртете ги сигурносните
завртки (43) повторно во продолжетоците на масата
за пила.
Монтирање на основата на делот за обработка (види
слика A2)
Основата на делот за обработка (17) може да се
позиционира лево, десно или напред на електричниот
алат. Флексибилниот систем за приклучување ви
овозможува различни опции за продолжување или
проширување (види слика G).
– По потреба, приклучете ја основата на делот за
обработка (17) во прифатите (44) на електричниот
алат или во прифатите (45) на втората основа на делот
за обработка.
Никогаш не го носете електричниот алат за
u
основите на делот за обработка.
За транспортирање на електричниот алат,
користете ги секогаш уредите за транспорт.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика B1−B2)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (9).
или
– Зацврстете ги ногарките на електричниот алат со
обични столарски стеги на работната површина.
Монтажа на работна маса на Bosch
GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на
електричниот алат на секоја подлога со помош на
ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за
делот што се обработува на работната маса служат како
потпора на подолгите делови за обработка.
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
u
упатства што се приложени на работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го
u
монтирате електричниот алат. Беспрекорната
Македонски | 311
1 609 92A 88N | (29.03.2023)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis