Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Обем На Испорака - Bosch GTS 18V-216 Professional Betriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Столна тркалезна пила со монтирано сечило за
пила (26) и клин за расцепување (4)
– Аголен граничник (2)
– Паралелен граничник (5)
– Дополнителен паралелен граничник (43)
– Сет за прицврстување „Дополнителен паралелен
граничник" (44) (2 завртки за прицврстување,
2 подлошки, 2 пеперутка-навртки)
– Заштитен поклопец (3)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (10)
– Прстенест клуч (9) со шилест плоснат одвртувач
– Подвижна водечка летва (12)
– Додаток за маса (25)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Дополнително потребни алати кон
испорачаните материјали:
– Крстест одвртувач
– Аголник
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
Bosch Power Tools
– Свретете ги завртките за блокирање (34) со шилецот
на прстенест клуч (9) сѐ до граничникот во правецот
на вртење „Заклучено" и отворете ја подната решетка
(33) (погледни слика a).
Извадете го материјалот за пакување под блокот на
моторот.
Следните елементи на уредот се прицврстени директно
на куќиштето: подвижна водечка летва (12), прстенест
клуч (9), клуч со внатрешна шестаголна глава (10),
паралелен граничник (5), аголен граничник (2), адаптер
за всисување (31), дополнителен паралелен граничник
(43) со сет за прицврстување (44), заштитен поклопец
(3).
– Штом Ви е потребен еден од овие елементи на уредот,
внимателно извадете го од депото за складирање.
Позиционирање на клинот за расцепување (види
слики b1–b2)
Напомена: Доколку е потребно, пред позиционирањето
исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
– Свртете ја курблата (15) во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што сечилото за
пила (26) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција
над масата за сечење.
– Олабавете го затезниот лост (36) во правец на
стрелките на часовникот, додека не се прикаже
нагоре.
– Вметнете го клинот за разделување (4) во правец на
затезниот лост (36), додека не се извлекува нагоре.
– Целосно повлечете го клинот за разделување нагоре,
така што тој ќе се позиционира точно над средината на
сечилото за пила.
– Двата клина (37) нека се вклопат во долните отвори на
клинот за разделување и повторно затегнете го
затезниот лост (36).
Ознаките (35) на стегата и затезниот лост (36) мора
бидат израмнети како што е прикажано.
Монтирање на додатокот за маса (види слика c)
– Поставете го додатокот за маса (25) над клинот за
расцепување (4) во отворот за алатот.
– Свртете ги завртките за блокирање (38) со шилецот на
прстенестиот клуч (9) сѐ до граничникот во правецот
на вртење „Заклучено".
Предната страна на додатокот за маса (25) мора да биде
во рамна линија со или малку под масата за сечење, а
задната страна мора да биде во рамна линија или малку
над масата за сечење.
Монтирање на заштитниот капак (види слика d1–d2)
Напомена: Монтирајте го заштитниот капак само ако
клинот за разделување во горната позиција е
позициониран точно над средината на сечилото за пила
(види слика b2). Не го монтирајте го заштитниот капак,
ако клинот за разделување се наоѓа во најдолната
позиција (состојба на испорака или позиција за сечење
на жлебови) (види слика b1).
Македонски | 365
1 609 92A 5HL | (11.09.2020)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis