Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTC 400 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 224

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTC 400 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
224 | Македонски
поместување може да се израмни со GTC Transfer
Software.
Мерниот уред ви ги нуди следните можности:
– 100 % инфрацрвена слика
Се прикажува само термалната слика.
– Слика во слика
Прикажаната термална слика се пресекува и
останатиот дел е прикажан како вистинска слика. Оваа
поставка го подобрува локалното доделување на
мерното поле.
– Транспарентност
Прикажаната термална слика транспарентно се
прикажува преку реалната слика. На тој начин, може
подобро да се препознаат предмети.
Со притискање на копчињата со стрелки на (5) или
од (10), може да ја изберете поставката.
Фиксирање на скалата
Прилагодувањето на распределбата на бои на термалната
слика се врши автоматски, но сепак може да се фиксира
со притискање на десното функциско копче (7). Ова
овозможува споредување на термални слики кои се
направени под различни температурни услови (на пр.
при проверка на топлински мостови во повеќе соби) или
избледување на екстремно ладен или жежок предмет во
термалната слика што инаку би ја нарушило (на пр. грејно
тело како жежок предмет при пребарување на топлински
мостови).
За повторно да се префрли скалата на автоматски,
повторно притиснете го десното функциско копче (7).
Температурите се сега повторно динамични и се
прилагодуваат на измерените минимални и максимални
вредности.
Мерни функции
За да се повикаат дополнителни функции кои може да Ви
бидат од помош кај приказите, притиснете на
копчето Func (6). Навигирајте низ прикажаните опции со
копчињата со стрелки лево (12) одн. десно (8) за да
изберете функција. Изберете функција и повторно
притиснете го копчето Func (6).
На располагање ги имате следните мерни функции:
– <Автоматски>
Распределбата на бои се врши автоматски на
термалната слика.
– <Пребарувач на топли делови>
Во оваа мерна функција, на мерното поле се
прикажуваат само потоплите температури како
термална слика. Полето надвор од овие потопли
температури се прикажува како реална слика во сиво.
Приказот во сиво спречува обоените предмети да
бидат неправилно поврзани со температурите (на пр.
црвен кабел во разводна кутија при барање на
прегреани компоненти). Прилагодете ја скалата со
копчињата со стрелка нагоре (5) и надолу (10). Со
тоа, прикажаниот температурен опсег се зголемува
одн. намалува како термална слика. Мерниот уред
1 609 92A 7L1 | (20.05.2022)
продолжува да ги мери минималните и максималните
температури и ги покажува истите на краевите на
скалата (g).
– <Пребарувач на ладни делови>
Во оваа мерна функција, на мерното поле се
прикажуваат само поладните температури како
термална слика. Полето над овие поладни
температура се прикажува како реална слика во сиво,
за обоените предмети да не бидат неправилно
поврзани со температурите (на пр. сина рамка од
прозорец при пребарување на погрешна изолација).
Прилагодете ја скалата со копчињата со стрелка
нагоре (5) и надолу (10). Со тоа, прикажаниот
температурен опсег се зголемува одн. намалува како
термална слика. Мерниот уред продолжува да ги мери
минималните и максималните температури и ги
покажува истите на краевите на скалата (g).
– <Рачно>
Ако се мерат температури кои многу отстапуваат на
термалната слика (на пр. грејно тело како жежок
објект при пребарување на топлински мостови), тогаш
достапните бои се распределуваат на голем број
температурни вредности во опсег помеѓу максимална
и минимална температура. Ова може да доведе до тоа,
малите температурни разлики да не може детално да
се прикажат. За да се постигне детален приказ на
температурниот опсег што се истражува, постапете на
следниот начин: откако ќе смените во
режимот <Рачно>, може да поставите максимална
одн. минимална температура. На тој начин може да го
утврдите температурниот опсег, кој е релевантен за
Вас и во кој ќе препознаете мали температурни
разлики. Поставката <Ресетирање на скалата>
повторно автоматски ја прилагодува скалата на
измерените вредности во видното поле на
инфрацрвениот сензор.
Главно мени
За да се отвори главното мени, прво притиснете на
копчето Func (6) за повикување на мерните функции.
Сега притиснете на десното функциско копче (7).
– <Мерење>
▪ <Степен на емисија> (c)
За некои од најчестите материјали на располагање
имате зачувани степени на емисија. Изберете го во
точката од менито <Материјал> соодветниот
материјал. Соодветниот степен на емисија ќе биде
прикажан во редот подолу. Доколку Ви е познат
точниот степен на емисија на Вашиот мерен објект,
истиот може да го подесите како бројна вредност во
точката од менито <Степен на емисија>.
▪ <Рефл. темп.> (b)
Поставката на овие параметри може да го подобри
мерниот резултат, особено кај материјали со низок
степен на емисија (= висока рефлексија). Во некои
ситуации (особено во внатрешни простории)
рефлектираната температура одговара на околната
температура. Доколку објекти со температури со
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

3 601 k83 1

Inhaltsverzeichnis